Свет
Синот на Осама бин Ладен се ожени со ќерката на главниот осомничен за нападот на 11 септември
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Osama.jpeg)
Хамза бин Ладен, синот на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, се ожени со ќерката на Мохамед Ат, главниот киднапер на авионот за време на терористичкиот напад на 11 септември.
Оваа информација на „Гардијан” ја потврдија браќата на Осама, Ахмад и Хасан ал Атас. Тие, исто така, рекоа дека веруваат дека Хамза добил повисока позиција во Ал Каеда и дека сака да се одмазди за смртта на неговиот татко за време на воената акција во Пакистан.
Хамза бин Ладен е син на една од трите преживеани сопруги на Осама бин Ладен, Каирија Сабара, која живееше со нејзиниот сопруг во Аботабад, во близина на пакистанската воена база каде што беше убиен.
Западните разузнавачки агенции го фокусираа своето внимание на Хамза бин Ладен во текот на изминатите две години, бидејќи веруваат дека тој е оној кој, најверојатно, би можел да ги активира своите следбеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Четири лица загинаа во одрон во кинеската провинција Фуџијан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/бгб.jpg)
Четири лица загинаа, а две се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во кинеската провинција Фуџијан, на југоистокот на земјата, јавува кинеската државна телевизија CCTV.
Обилните дождови кои започнаа во неделата попладне предизвикаа лизгање на земјиштето во кое се урнаа 378 куќи, пренесува Ројтерс.
Локалните власти ангажираа служби за итни случаи, а метеоролошката служба ги окарактеризираше врнежите како „екстремни“.
Свет
Истражување: Рекорден број луѓе во светот избегнуваат да следат вести
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/lkl.jpg)
Рекорден број луѓе ширум светот избегнуваат да ги следат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс на Универзитетот Оксфорд.
Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале овој одговор.
Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, наспроти 63 отсто во 2017 година, пренесува Би-би-си.
Свет
Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани се 1.200 луѓе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/гн.jpg)
Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.
Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП.
Засега нема извештаи за жртви.