Свет
Сирија пресретнала израелски воздушен напад во Хомс
Сириската воздушна одбрана утринава пресретнала израелски напад врз областа Ал-Усаир во Хомс, објавија сириските државни медиуми цитрани од „Ројтерс“.
Сириски воен извор информира дека во нападот била предизвикана одредена материјална штета, но дека нема жртви. Израелската војска не го коментира инцидентот.
Провинцијата Хомс се протега кон Либан, каде што Хезболах ја држи контролата по должината на границата. Западни разузнавачки извори изјавија дека засилените напади на Израел врз Сирија од минатата година се дел од војната во сенка одобрена од САД.
Во засебен инцидент израелската армија информира дека при претрес во близина на границата со Либан нејзините војници фатиле двајца осомничени, кои преку ноќ преминале во Израел. Војската соопшти дека парот очигледно се надевал оти ќе најде работа во Израел.
Сириските државни медиуми известија во понеделникот дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски напад врз областа Ал-Сафирах, во јужниот дел на Алепо, каде што Израел повеќепати досега го напаѓаше засиленото иранско присуство.
Сириски воен портпарол изјави за државните медиуми дека се проценува штетата откако воздушната одбрана ги соборила повеќето ракети насочени кон голем број неодредени локации.
Сириските опозициски сили соопштија дека воздушните напади биле насочени кон базите на Иранската револуционерна гарда и фабриката за оружје во продолжение на израелските напади против иранските воени активности за истражување и развој изминатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

