Свет
Сирија ја врати контролата над втората најмоќна брана во Алепо
Сириските владини сили ја презедоа контролата врз втората најмоќна хидроелектрична брана „Тишрин“ во покраината Алепо, изјави портпаролот на Руската команда на вооружените сили во Сирија, Борис Фомичев, пренесува ТАСС.
Денеска руската воена полиција почна со патролни операции во околината околу овој објект од стратешко значење. Браната Тишрин се наоѓа на 90 километри од Алепо и беше изградена на Еуфрат од руски и сириски инженери пред 20 години.
Кога избувна граѓанската војна во земјата, таа беше заземена од милитантите на Исламска држава кои долго време го контролираа објектот. Владините сили успеаја да ги избркаат од регионот и покрај големите загуби. Во моментов браната ги снабдува со електрична енергија провинциите Рака и Алепо.
Снабдувањето со електрична енергија во провинцијата Алепо е од клучно значење, бидејќи нејзиниот главен град е економски и индустриски центар на земјата. Сириските власти во моментот вложуваат напори да го обноват. Во средината на ноември сириските владини сили ја презедоа контролата над најголемата брана во земјата – браната Табка (провинцијата Рака), која претходно беше во терористички раце. Пред војната, браната снабдуваше со електрична енергија значаен дел од Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Важен состанок за Украина денес во Париз: „Ќе бидеме подготвени за двете сценарија“
Сојузниците на Украина се состануваат во Париз попладнево и ќе се обидат да ги финализираат своите придонеси за идните безбедносни гаранции за Киев во случај на прекин на огнот со Русија, соопштија дипломати и службеници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќе од 27 лидери, ќе се соберат во француската престолнина, заедно со американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како дел од пошироките напори за изработка на заедничка украинска, европска и американска позиција што потоа би можела да ѝ биде презентирана на Русија.
Разговорите за ставање крај на речиси четиригодишната војна се забрзаа од ноември. Имаше малку знаци дека Русија би била подготвена да ги прифати сегашните предлози, а прашањето за територијата останува клучна пречка за преговорите. Во исто време, борбите меѓу двете страни не стивнуваат.
Дипломатите изјавија дека воените претставници, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на Украина, се собраа во Париз во вторник за да ги стават конкретните обврски на хартија, а лидерите би можеле да понудат политичка поддршка. Досега, воените ветувања беа во голема мера нејасни.
Кој ќе го обезбедува мирот?
Според белешката испратена до 35-те поканети делегации, а видена од Ројтерс, на состанокот ќе се разговара за обезбедување придонеси за мултинационални сили за Украина во случај на прекин на огнот, координирано со Украина и поддржано од САД.
Домаќините, исто така, имаат за цел да се договорат за придонеси за поширок сет безбедносни гаранции за Украина, вклучувајќи обврзувачки ветувања доколку повторно биде нападната. Ќе се вложат напори за да се обезбеди дека планирањето на земјите во таканаречената „коалиција на волните“ е усогласено со преговарачките позиции на Украина, САД и Европа.
Белешката предлага договор за следните чекори за зголемување на поддршката за Украина и притисок врз Русија доколку Москва одбие да се вклучи во значајни разговори.
„Постигнавме договор за оперативните детали на безбедносните гаранции“, изјави официјален претставник на француското претседателство за новинарите пред состанокот. „Ќе објасниме како се структурирани и потребата од долгорочна посветеност од сите вклучени“, додаде тој.
„Ќе бидеме подготвени за двете сценарија“
Висок европски функционер изјави дека се надева оти зајакнувањето на гаранциите на коалицијата ќе помогне и во зацврстувањето на обврските на САД наведени во билатералните разговори со Украина.
Во своето обраќање до нацијата во неделата вечерта, Зеленски рече дека состаноците во Европа треба да придонесат за одбраната на Украина и да ги обединат напорите за завршување на војната.
„Украина ќе се подготви за двете сценарија: дипломатијата што ја спроведуваме или продолжувањето на активната одбрана ако притисокот од партнерите врз Русија се покаже како недоволен. Украина сака мир“, рече Зеленски.
Свет
(Видео) Лидерката на опозицијата во Венецуела ја пофали акцијата на Трамп: „Голем чекор за човештвото“
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година помина месеци криејќи се, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „џиновски чекор за човештвото, за слободата“.
Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро.
„3 јануари ќе остане запишан во историјата како ден кога правдата триумфираше над тиранијата“, изјави Мачадо за „Фокс њуз“ синоќа.
VENEZUELAN OPPOSITION LEADER @MariaCorinaYA SAYS MADURO BANNED HER FROM THE BALLOT BECAUSE HE WAS AFRAID:
"We were able to bring the country together to carry these elections organized by civil society with millions of people participating. And the fact is that, cowardly, he… pic.twitter.com/3m2ys39Yh3
— Sean Hannity 🇺🇸 (@seanhannity) January 6, 2026
„Ова е пресвртница“, рече таа во видео клип од интервјуто што го сподели на платформата Икс, додавајќи дека тоа е значајно не само за венецуелскиот народ, туку „исто така за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“.
Свет
(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД
Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за тоа како администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се справува со ситуацијата во Венецуела по апсењето на Николас Мадуро, но се осврна и на Гренланд, велејќи дека територијата треба да стане дел од САД.
Милер рече дека американската војска е „распоредена надвор од Венецуела“ и дека администрацијата на Трамп „ги поставила условите“. Тој додаде дека САД не ја исклучиле можноста за обвинение против други венецуелски функционери, предупредувајќи ги да соработуваат со Вашингтон.
Во контекст на идното политичко водство на Венецуела, Милер се осврна на изјавите на лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која претходно ја пофали одлуката на Трамп да го уапси Мадуро. Но, Милер отфрли каква било идеја дека таа би можела да ја преземе власта.
Во истото интервју, Милер исто така изјави дека „Гренланд треба да биде дел од Соединетите Американски Држави“, додавајќи дека „никој нема да војува за иднината на Гренланд“. Изјавата предизвика силни реакции во Данска.
Данскиот пратеник Расмус Јарлов одговори на зборовите на Милер, доведувајќи ја во прашање неговата проценка. „И тој мисли дека нема да се бориме да го задржиме? Грешка“, рече Јарлов.
Тој продолжи да ја критикува американската администрација за она што го нарече неодговорни изјави и дејствија. „Немате ли некои способни луѓе во САД кои можете да ги поставите на чело? Некој што барем малку чита пред да одлучи да ги нападне сојузниците и да го уништи западниот сојуз“, рече Јарлов.
Изјавите на Милер дополнително ги зголемија загриженостите кај европските политичари за насоката на американската надворешна политика, особено по неодамнешните настани во Венецуела и сè поотворените пораки од Вашингтон за Гренланд.

