Свет
Сите судски постапки против Трамп ќе бидат пренесувани во живо
Сите судски постапки во случајот против поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе бидат пренесувани во живо на телевизија, објави судијата Скот Мекафи.
Тој додаде дека ќе биде направен преседан, кој претходно го направи неговиот колега Роберт мек Бурни бидејќи сите рочишта ќе се емитуваат и на каналот на судот на „Јутјуб“, пренесува „Гардијан“.
На медиумските екипи ќе им биде дозволено да користат компјутери и мобилни телефони во судницата, но не и за снимање.
Трамп овој месец беше обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фултон за наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.
Поранешниот претседател Трамп се изјасни за невин и тврди дека процесот бил политички мотивиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес ја погоди Албанија: Се стресе во близина на границата со Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија.
Земјотресот се случил во 2 часот и 20 минути по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри од Скадар.
Со оглед на тоа што земјотресот бил со помал интензитет, се претпоставува дека нема повредени и поголема материјална штета.
Свет
Израел ги засили воздушните напади врз Рафа, тенкови се пробиваат на северот на Газа
Израелските тенкови со воздушна и копнена поддршка денеска направија дополнителен пробив во Џабали на северот од Појасот Газа, јавуваат тамошните жители и Хамас, додека јужен Рафа е исто така под воздушни напади.
Во Џабалија, тенковите се движат кон центарот на кампот.
Жителите известуваат дека тенкови го гаѓаат центарот на кампот и дека се уништени десетици куќи. Израелската армија принуди стотици Палестинци да ги напуштат своите засолништа, пишува Ројтерс.
Во Рафа, во близина на границата со Египет, Израел ги засили воздушните напади врз источните делови на градот.
Жителите известуваат дека сега се стационирани тенкови на улицата Салахудин, која минува низ источните делови на градот, а автопатот е блокиран поради жестоките борби. Се додава дека источните делови на Рафа станале „град на духови“. Хамас објави дека неговите борци се борат со израелските сили на улиците источно од Рафа и источно од Џабалија.
Израелската војска неколкупати ги вклучи сирените во област во близина на Газа, предупредувајќи на потенцијален прекуграничен оган. Израелската војска доцна во саботата објави дека го спречила Хамас да ги обнови своите воени капацитети во Џабалија.
„Бомбардираа насекаде, дури и во близина на училиштата во кои беа сместени бездомниците“, вели 45-годишниот Саед.
Регион
Земјотрес ја погоди Хрватска, се стресе кај Петриња: „Нѐ разбуди, куќата ми се стресе кратко и силно“
Послаб земјотрес со јачина од 1,7 степен според Рихтеровата скала е почувствуван во 4.35 часот во Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од Загреб и 20 километри од Велика Горица на длабочина од осум километри.
Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил почувствуван на подрачјето на Петриња и Сисак, пишува „24сата.хр“.
„Куќата ми се затресе силно и кратко, како гром. Повторно се будам со познатиот звук и чкрипењето на куќата“, напиша сведок од Петриња на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
„Тежок тресок, гадно будење“, „Истовремен татнеж и тресок“, „Ова беше за будење. Кратко траеше. Како да е под куќата“, „Звук и краток силен удар“, пишуваат сведоци.