Свет
Сијарто ја критикува Урсула фон дер Лајен за разрешувањето на Вархељ од функцијата комесар
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ја критикува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за разрешувањето на Оливер Вархељ од функцијата комесар за проширување на ЕУ велејќи дека нејзината одлука е дел од „лицемерството на Брисел“.
„Земјите од Западен Балкан чекаа 14,5 години за членство во ЕУ, што покажува колку мнозинството во блокот е против проширувањето“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со српската министерка за економија, Адријана Месаровиќ, денеска, во Будимпешта.
Тој инсистира на тоа дека јавните изјави на претставниците за проширување на ЕУ се во спротивност со она што тие го кажаа зад затворени врати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени
Едно дете загина, а седум други се повредени, како и возачот на комбе, во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 3:30 часот наутро на автопатот Нови Сад-Белград, објавија регионалните медиуми во среда.
Детето родено во 2009 година почина на местото на настанот од повредите здобиени во несреќата, објави Радио телевизија Србија (РТС).
Седум други деца, родени помеѓу 2009 и 2012 година, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Детската болница во Нови Сад.
Возачот, исто така, е тешко повреден
Возачот на комбето, маж роден во 1982 година, исто така е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина.
Несреќата се случила кога комбето во кое се превезувале децата излетало од патот, пробило ограда и паднало во канал, објави Радио телевизија Војводина (РТВ).
фото: архива
Свет
(Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја
На претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Националниот музеј во Гјонгџу му беше врачен Големиот орден на Мугунгва и златна круна на кралството Сила од страна на јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг.
Претседателот Трамп доби реплика од историската златна круна во Јужна Кореја, најновиот во низата импресивни подароци што ги добил за време на неговата посета на Азија.

Трамп рече дека подарокот е „многу посебен“.
Симбол на света власт и апсолутна моќ
Репликата е базирана на златната круна на древното кралство Сила, кое го симболизирало „светата власт и апсолутната моќ“ на кралевите и владејачката класа, според Националниот музеј на Кореја.

Златните круни од кралството Сила прикажуваат дрво со гранки што се шират нагоре, за кое музејот вели дека „значи небесен мандат на кралот“.
фото: принтскрин
Свет
Во Холандија почнаа парламентарните избори
Во Холандија утрово почнаа парламентарните избори, избирачките места се отворија во 7:30 часот и ќе бидат отворени до 21:00, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, јави холандскиот јавен сервис „НОС“.
Право на глас имаат околу 13,5 милиони граѓани, а гласањето се одвива на 27 партии со 1.166 кандидати за 150 пратенички места.
Некои избирачки места беа отворени уште од полноќ. На поголемите железнички станици има и мобилни пунктови за гласање.
Анкетите покажуваат дека трката е исклучително тесна, а крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) на Герт Вилдерс има шанса за силен резултат, иако повеќето партии не сакаат коалиција со него. Поддршка имаат и левите и десноцентристичките партии.
По распадот на претходната четирипартиска влада, парламентот брои дури 15 партии, па аналитичарите предупредуваат дека формирањето нова влада може да трае со месеци.

