Свет
Си-ен-ен: Лидери желни за моќ се обидуваат да ја искористат епидемијата
И додека коронавирусот го доведе светот до застој, одделни лидери видоа можност да ја зголемат својата моќ, пишува Си-ен-ен.
Унгарскиот парламент усвои закон кој му дава право на претседателот Виктор Орбан да владее со декрети, неограничено. Тоа му дава овластувања да ги казнува новинарите доколку владата верува дека известувањето не е точно и им дозволува на властите да ги казнуваат граѓаните со високи пенали за кршење на забраната за движење. Исто така, спречува какви било избори или референдуми додека е во сила вонредната состојба.
Потегот на Орбан предизвика реакција од ЕУ, од некогашниот премиер на Италија, Матео Рензи, кој одел дотаму што предложи исфрлање на Унгарија од ЕУ ако не ги повлече мерките.

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, човек што ги апси своите критичари и се фали дека лично убил осомничени криминалци кога бил градоначалник на Давао, сам на себе си додаде уште овластувања за време на кризата. Уште поголема контрола над јавните служби.

Претходно, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, беше на удар на критики кога неговата влада одобри електронско следење пациенти со технологија која порано се користела во борба против тероризмот. Нетанјаху не е единствениот лидер што ги следи своите граѓани за време на кризата. Во Русија властите користат технологија за препознавање лица за да ги фатат оние што ги прекршуваат карантинот и самоизолцијата.
И од Јужна Кореја до Западна Европа демократски избраните влади користат дигитални алатки да пронајдат пациенти со коронавирус и да ги надгледуваат колку навистина ги почитуваат мерките за социјална дистанца.
Со овие одлуки, кои во истиот момент ги иницира поради стравување од преголеми власти на лидерите, исто така се јавија прашања што ќе се случува кога пандемијата ќе заврши. Постои загриженост дека светот ќе ги прифати ваквите услови на живеење и граѓаните ќе се задржат на она што претставува екстремни и несекојдневни мерки.
„Проблемот со слабите системи, како што е Унгарија, е во тоа што Орбан ја уривал демократијата долго време и ќе сака да направи дека новите мерки се нормални… и можеби тоа ќе биде и поздравено бидејќи додека се во криза, луѓето бараат лидер“, нагласува Брајан Клас, професор по глобална политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Свет
Белгискиот министер ги предупреди европските лидери поради изјавите за нуклеарното оружје: „Држете го јазикот за заби“
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен ги критикуваше европските лидери поради, како што наведе, премногу отворените изјави за нуклеарното оружје.
„Кога станува збор за нуклеарното одвраќање, навистина не разбирам зошто европските лидери се толку брборливи. Тоа не е мудро. Ве молам, држете го јазикот за заби“, порача Франкен на платформата „Икс“, реагирајќи на интервју на германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе „Политико“.
Во интервјуто, Мерц ја исклучи можноста Германија да развие сопствено нуклеарно одвраќање, но рече дека германските борбени авиони потенцијално би можеле да носат француско и британско нуклеарно оружје. Германија и Белгија се дел од американската програма „нуклеар шеринг“, во рамки на која нивните воздухопловни сили можат да носат американски нуклеарни бомби.
Изјавите на Мерц и Франкен доаѓаат во момент кога се интензивира дебатата за европското нуклеарно одвраќање во пресрет на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на 2 март. Се очекува Макрон да испрати пораки за улогата на францускиот нуклеарен арсенал во европската безбедност.
Белгискиот министер за одбрана се осврна и на коментарите на Мерц за проектот „Фјучр Комбат Ер Систем’ (Future Combat Air System) – борбен авион од нова генерација што го развиваат Германија, Шпанија и Франција.
„Системот е мртов, според германскиот канцелар во овој подкаст. Нема да има француско-германски борбен авион од шеста генерација. Белгија беше набљудувач во таа програма. Ќе ја преиспитаме нашата позиција“, наведе Франкен.
SCAF is dood aldus de Duitse bondskanselier @bundeskanzler in deze podcast. Er komt geen Frans-Duits zesde generatie jachtvliegtuig.
België was observator in het programma. We zullen onze positie herbepalen.
Ivm de nucleaire afschrikking begrijp ik echt niet waarom Europese…
— Theo Francken (@FranckenTheo) February 18, 2026

