Контакт

Свет

Скандал во Финска: Во парламентот пронајдени траги од дрога

Објавено пред

Финскиот јавен сервис Yle пронашол остатоци од дрога во три различни тоалети во финскиот парламент, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на резултатите од тестирањето на тоалетот за време на традиционалната годишна божиќна забава, биле пронајдени траги од амфетамин, екстази или МДМА и кокаин.

Покрај пратениците, меѓу гостите имало и вработени во пратеничките групи, помошници на министри и новинари, меѓу кои и новинари од Yle, според написите во медиумите од регионот.

Кале Лагерблом, оперативен директор на лабораторијата Мезурлабс, кој ги толкуваше резултатите, процени дека количината на остатоци од дрога е мала.

„Резултатите може да се сметаат за сосема безбедни. Остатоците се навистина мали, но очигледно има остатоци“, посочи тој.

Остатоци од дрога биле пронајдени само во тоалетите, на подот каде се одржувала божиќната веселба, додека во двата тоалета на третиот кат немало остатоци.

Со оглед на тоа што употребата на дрога е се почеста појава во Финска, јавниот сервис сакаше да открие дали трагите од употреба на дрога во Финска стигнуваат до просториите на парламентот, односно таму каде што пратениците донесуваат закони за дроги.

Според анкетите во Финска, се повеќе луѓе имаат пробано дрога.

Процентот на луѓе кои пробале и користеле дроги континуирано се зголемува од 1990-тите до 2020-тите, според извештаите од Институтот за здравје и благосостојба (THL), пренесуваат медиумите.

Околу милион луѓе во Финска пробале канабис, додека во 2023 година од оваа дрога починале рекорден број луѓе, вкупно 310 лица.

Свет

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Објавено пред

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од нив се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка состојба.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот лидер, Александар Бречалов, потврди дека нападот предизвикал материјална штета и жртви.

Фабриката „Воткина“ е стратешко државно одбранбено претпријатие и една од најважните фабрики за ракети во Русија. Таа произведува балистички ракети со краток дострел „Искандер-М“, кои често се користат во напади врз Украина, како и интерконтинентални балистички ракети „Топол-М“. Фабриката е осомничена и за производство на новите руски ракети „Орешник“.

Според локални очевидци и украински воени блогери, нападот бил извршен со беспилотни летала и крстосувачки ракети „Фламинго“. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од експлозиите и големи облаци чад што се издигнуваат над фабриката. Жителите на Воткинск рекле дека слушнале најмалку три експлозии и зуење на беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 77 украински беспилотни летала над повеќе региони, вклучувајќи го Крим и Азовското Море. Поради нападот, аеродромите во Ижевск и околните градови привремено ги прекинаа операциите.

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд Трамп, ги воведе минатата година, нагласувајќи дека е добро да има контрола и рамнотежа во владеењето на правото и демократијата.

dobivaj vesti na viber

„Не е лошо да постои Врховен суд и владеење на правото во демократијата“, рече Макрон и додаде дека Франција ќе ги разгледа последиците од глобалните царини од 10 отсто што Трамп ги воведе синоќа, пренесува Ројтерс.

Доналд Трамп, пак, порача дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите по поништените царини и ги критикуваше судиите кои гласаа за укинување на мерките, нарекувајќи ги „нелојални“ и потенцијално под влијание на странски интереси. Тој исто така најави и отворање на истраги за заштита на САД од некоректни трговски практики на други земји и компании.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп не планира да им враќа пари на компаниите поради укинувањето на царините

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите, откако Врховниот суд ги поништи царините што тој ги воведе минатата година за низа странски земји.

dobivaj vesti na viber

На конференцијата за новинари во Белата куќа, Трамп рече дека неговиот тим не предвидува поврат на средства и додаде дека верува оти случаите ќе завршат на суд во следните неколку години.

„Напишаа ужасна, погрешна одлука, скоро како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд наредните пет години“, рече Трамп.

Судот со шест гласа за и три против одлучи дека Трамп ги надминал своите овластувања кога го искористил Законот за вонредни федерални состојби од 1977 година (IEEPA) за воведување реципрочни глобални царини.

Американските увозници кои минатата година плаќале царини можеби ќе побараат поврат на средства од Агенцијата за царини и гранична заштита, што би можело да чини милијарди долари, иако дел од трошоците можеби веќе ги префрлиле на потрошувачите.

Трамп, исто така, предупреди дека земјите кои, според него, лошо постапувале кон САД ќе „платат цена за тоа“, додека оние кои биле „добри кон Америка“ ќе бидат „многу добро третирани“.

Без да даде конкретни докази, Трамп повтори дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд да ги укине царините.

„Мислам дека странските интереси ги претставуваат луѓе со големо влијание. Тие имаат големо влијание на Врховниот суд, дали преку страв, почит или пријателства, не знам. Но, ги познавам некои од луѓето од другата страна и не ми се допаѓаат. Мислам дека се вистински ѓаволи“, заклучи Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија7 минути

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 час

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет3 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет3 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион15 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет18 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет19 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ20 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ20 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија21 час

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија23 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија24 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет1 ден

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија1 ден

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...