Свет
Скапа грешка во системот: студенти подигнале 40 милиони долари од банкомат и не сакаат да ги вратат парите

Комерцијалната банка на Етиопија (CBE), најголемата во земјата, се обидува да врати огромна сума на пари повлечени од клиентите по „системска техничка грешка“.
Во текот на саботата биле забележани илјадници трансакции, а неверојатни 40 милиони долари биле повлечени или префрлени во други банки, јавува Би-Би-Си.
CBE има повеќе од 38 милиони клиенти, а е основана пред 82 години. Соопштено е дека имало „грешка при одржување и редовен преглед“.
Банката ги замрзна трансакциите по неколку часа, но не пред клиентите да повлечат 40 милиони долари.
Претставниците на ЦБЕ посочуваат дека „загубата е мала во споредба со вкупната актива на банката“, и дека личните сметки на граѓаните не се загрозени.
Интересно е што најголемиот дел од парите ги повлекле студентите, откри претседателот на банката Абе Сано.
Веста за „техничката грешка“ се прошири низ универзитетите преку апликации за разговор, а долги редови се формираа на банкоматите во кампусите.
Најмалку три универзитети во Етиопија апелираа до студентите да ги вратат парите што им се должат.
Секој што ќе ги врати парите нема да биде кривично гонет“, рече Сано.
Останува непознато колку пари се вратени, а еден студент на Универзитетот Џима рече дека не слушнал некој да ги врати парите. Тој истакна дека видел полициски автомобил на кампусот.
Претставникот на Универзитетот Дила рече дека вработените во банката собрале пари кои некои студенти доброволно ги вратиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин вели дека денес ќе разговара со Трамп

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека подоцна во текот на денот ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп.
Ова ќе биде шестиот јавно познат разговор меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, а ќе се одржи во услови на досега неуспешни напори на Соединетите Американски Држави да преговараат за прекин на огнот во Украина.
Двајцата претседатели последен пат разговараа на 14 јуни, а главната тема на нивниот разговор беше Иран.
Европа
Украина припаѓа на Европската Унија, му рече данската премиерка на Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Орхус, западна Данска, каде што ќе присуствува на одбележувањето на почетокот на данското претседателство со Советот на Европската Унија.
Според најавата на данската влада, Зеленски ќе разговара со премиерката Мете Фредериксен, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
Тие ќе разговараат за поголема воена поддршка за Украина, соработка со украинската одбранбена индустрија и нови санкции против Русија.
„Украина припаѓа на Европската Унија, тоа е во интерес и на Данска и на Европа. Затоа данското претседателство ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Украина на патот кон членство во ЕУ“, рече Фредериксен.
Данската премиерка истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне Украина и да ја ослаби Русија.
„Украина е клучна за безбедноста на Европа. Мора да го зголемиме притисокот врз Русија“, рече Фредериксен.
Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблиску доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето на Украина со оружје и дека забележува одредени проблеми.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави „РИА новости“, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина поради исцрпувањето на американските резерви.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за Ен-би-си дека имало прекин во испораките наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и од Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини оти американската индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и во Украина, а испораките сè уште се во тек“ додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува „Танјуг“.