Свет
Речиси 2,8 милиона луѓе досега починаа од коронавирус во светот
Во светот 2.792.586 луѓе починаа од коронавирусот, а повеќе од 127.546.270 беа заразени, јавуват светските агенции.
Според последните анализи, САД се најтешко погодени со 550.036 смртни случаи и 30.331.798 заразени од Ковид-19.
Следуваат Бразил со 313.866 смртни случаи и 12.573.615 инфекции, Мексико со 201.826 смртни случаи и 2.227.842 инфекции, Индија со 162.114 смртни случаи и 12.095.855 инфекции и Велика Британија со 126.615 смртни случаи и 4.337.696 инфекции.
Европа има 949.215 починати и 43.270.179 потврдени случаи на заразени од коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тврдат дека Брижит Макрон е родена како маж, десет лица на судење во Париз
Десет лица треба да се појават на суд во Париз денес под обвинение за сексистичко онлајн вознемирување на Брижит Макрон, во најновиот случај предизвикан од години неосновани тврдења за полот на првата дама на Франција.
Судењето доаѓа неколку месеци откако Брижит и претседателот Емануел Макрон поднесоа тужба за клевета во Соединетите Држави поради гласини на интернет дека Брижит Макрон е родена како маж. Неоснованите тврдења ја следат претседателската двојка со години, со постојани коментари за нивната 24-годишна разлика во години.
Десетте обвинети, осум мажи и две жени на возраст меѓу 41 и 60 години, се обвинети за онлајн вознемирување на Брижит Макрон и се соочуваат со затворска казна до две години доколку бидат осудени. Според обвинителите, обвинетите објавиле бројни злонамерни коментари за полот и сексуалноста на првата дама, а некои ја поврзуваат нивната разлика во години со „педофилија“.
Брижит Макрон поднесе кривична пријава во август 2024 година, што доведе до истраги и апсења во декември 2024 година и февруари 2025 година. Нејзиниот адвокат не одговори на прашањата на АФП, а не е познато дали самата прва дама ќе се појави на рочиштата.
Меѓу обвинетите е и Орелиен Поарсон-Атлан, 41-годишна специјалистка за маркетинг позната на социјалните мрежи под псевдонимот Зои Саган, често поврзана со кругови на теоретичари на заговор. Обвинета е и Делфин Ж., 51-годишна жена која вели дека е духовен медиум и онлајн се претставува под името Амандин Рој.
Во 2021 година, таа објави четиричасовно интервју со „независната новинарка“ Наташа Реј на својот YouTube канал, во кое тврдеше дека Брижит Макрон, моминско Троње, всушност е „Жан-Мишел Троње“, што е името на нејзиниот брат.
Теориите дека Брижит Макрон наводно е родена како маж се појавија за време на претседателската кампања на Макрон во 2017 година, а во последниве години беа ширени од крајно десничарските и заговорничките кругови во Франција и САД, каде што правата на трансродовите лица станаа клучно социо-политичко прашање.
Во јули, претседателскиот пар поднесе тужба за клевета во САД против конзервативната водителка Кандис Овенс, која продуцираше серија наречена „Becoming Brigitte“ и тврдеше дека првата дама е родена како маж. Нивниот американски адвокат рече дека Макрон ќе презентира „научни докази“ и фотографии на судот за да ги побие овие тврдења.
Свет
14-годишно момче нападнато од крокодил додека ловело риба во Австралија
Четиринаесетгодишно момче е хоспитализирано откако завчера попладне било нападнато од крокодил додека ловело риба на плажата Мјал во далечниот северен Квинсленд, Австралија. Тинејџерот претрпел повреди на ногата и торзото, но неговата состојба е стабилна, потврдија локалните власти, пишува Гардијан.
Инцидентот се случил во Кејп Трибулејшн, мала крајбрежна заедница 140 километри северно од Кернс. Според информациите од Министерството за животна средина, туризам, наука и иновации, момчето ловел риба во вода длабока до бутовите пред нападот.
„Службеник потврди дека раните се конзистентни со напад од крокодил“, изјави портпарол на одделот.
По нападот, тинејџерот бил пренесен во блискиот сместувачки капацитет, каде што гостите и локалното население му пружиле прва помош додека не пристигнале службите за итни случаи. Службениците на Министерството за животна средина веднаш започнале потрага по животното користејќи дронови и чамци со рефлектори, но крокодилот не бил пронајден. Поради инцидентот, на плажата се поставени дополнителни знаци за предупредување од крокодили, покрај веќе постоечките трајни ознаки на сите точки за пристап.
Нападот се случил на почетокот на годишната сезона на парење на крокодилите. Според официјалната веб-страница на Министерството за животна средина, мажјаците крокодили „стануваат особено дрски додека бараат партнер“ во овој период, што значително го зголемува ризикот од агресивно однесување. Во изминатиот месец, во областа Кејп Трибулејшн четири пати биле видени крокодили.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари“
Украинските сили успешно лоцираа и уништија еден од најнапредните руски противвоздушни ракетни системи, Бук-М3, чија вредност се проценува на 45 милиони долари. Веста беше објавена синоќа од копнените сили на украинската армија, пишува „Киев Индепендент“.
Fighters of the 15th Separate Artillery Brigade “Chornyi Lis” struck a Russian Buk-M3 air defense system with a combat drone.#Ukraine #BukM3 #UAF #ChornyiLis #DroneStrike #WarInUkraine pic.twitter.com/3vtBnJ47P5
— Chronicles (@chronicleslive) October 26, 2025
Според военото соопштение, прецизниот удар бил извршен на неодредена локација од страна на украинската бригада „Црна шума“. Бригадата, исто така, сподели видео од операцијата, но „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата.
фото: принтскрин

