Европа
Следните час и половина се пресудни: Пожарникарите не се сигурни дека може да го изгаснат огнот во Нотр Дам
Пожарникарите не се сигурни дека пожарот што попладнево околу 18 и 50 часот ја зафати монументалната катедрала Нотр Дам во Париз ќе биде изгаснат пред да биде предизвикана огромна штета.
Пред околу еден час се урна главната кула на еден од најпосетените историски споменици во Европа, а пожарникарите сè уште се борат со огнот.

Извор: Би-би-си
Портпаролот на противпожарната единица во Париз за „Ројтерс“ изјави дека следните час и половина се пресудни за да се утврди дали пожарот може да се изгасне наскоро.
„Се користат сите средства, освен канадери кои, ако се употребат, би можеле да доведат до колапс на целата катедрала“, рекол тој.
Заменик градоначалникот на Париз, Емануел Грегорие, изјавил дека е почната специјална акција во обид да се спасат уметничките дела кои се наоѓаат во катедралата.
УНЕСКО соошпти дека внимателно ја следи ситуацијата и ја поддржува Франција во зачувување и обновување на наследството со непроценлива вредност.

Стотици луѓе го гледаат пожарот во Нотр Дам (Фото: ЕПА)
Реакции стигнаа од целиот свет. Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ напиша дека е страшно да се гледа тој пожар и дека треба брзо да се делува.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека страшните снимки од пожарот предизвикуваат болка затоа што Нотр Дам е симбол на Франција и на европската култура.
Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала, која се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името Нотр Дам на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот градена во текот на целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот за разлика од пораната романска архитектура.

Нотр Дам (Фото: ЕПА)
Изградбата почнала во 1163 година за време на владеењето на кралот Луј VII. Изградбата на западната страна, со двете карактеристични кули, почнала околу 1200 година. За време на периодот на изградба на проектот работеле многубројни архитекти, како што може да се види по разните стилови и висини на западниот дел и кулите. Помеѓу 1210 и 1220 година се вклучил и четврти архитект, кој ги изградил нивото со розетен прозорец и големите сали под кулите. Кулите биле завршени околу 1245 година, а самата катедрала била завршена околу 1345 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

