Свет
Словаците на работа и на село само со негативен тест на Ковид-19
На Словаците нема да им биде дозволено да одат на работа или да патуваат на село ако немаат скорешен негативен тест на Ковид-19, пренесува РТ. Правилото стапува во сила следната недела, со тоа што Братислава се надева дека дотогаш ќе го зголеми тестирањето.
Планот е поделен на две фази. Првата, која почнува в понеделник и ќе трае една недела, предвидува Словаците да излезат на местата за тестирање на Ковид-19 – редовни и мобилни – за да направат антигенски или ПЦР-тест.
Од следната среда, 27 јануари, Словаците што не успеале да добијат резултати од тестовите со кои ќе докажат дека не се заразени, ќе бидат затворени во своите домови. Рутинските активности, како што се патување до работното место, одење во пошта или на село (за лицата на возраст од 15 до 65 години) нема да бидат дозволени. Посетите на лекар и купувањето продукти се меѓу неколкуте исклучоци од правилото.
Освен тоа, оние што живеат во една од 37-те области со поголема стапка на заразеност, ќе треба да поминат низ втор круг тестирање. Тие ќе бидат изземени од де факто полицискиот час, кој ќе трае од 3 февруари до 7 февруари, само ако двапати се тестираат негативно. Оние што живеат во преостанатите 36 области нема да мора да ја повторат постапката.
Словачка, нација со околу 5,4 милиони жители, живее под огромна блокада од почетокот на јануари. Како дел од масовните ограничувања забранети се какви било посети, јавни црковни служби, а рестораните може да работат само за достава.
Актуелниот карантин треба да истече на 7 февруари. Сепак, владата не исклучи порано олабавување на мерката ако бројот на хоспитализации падне под 2.500. Според „Ројтерс“, во моментот бројот на хоспотализирани е повеќе од 3.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

