Европа
Словачки пратеник го загуби мандатот поради расизам кон Ромите

Пратеникот на крајно десничарската народна партија Наша Словачка , Милан Мазурек, го загуби своето пратеничко место откако словачкиот Врховен суд ја потврди пресудата за расизам кон Ромите.
Врховниот суд на Словачка се согласи со долниот суд дека Милан Мазурек од народната партија Наша Словачка дал незаконски расистички коментари за ромската заедница во радиоемисијата емитувана во 2016 година, објави АП.
Тој зборуваше за „Цигански терор“ во емисијата, додавајќи дека Ромите „никогаш не направиле ништо за нацијата“.
Мазурек се изјасни за невин и ја обжали пресудата минатата година.
Врховниот суд го казни со парична казна од 10.000 евра, двојно зголемувајќи ја казната на долниот суд.
Мазурек е првиот словачки пратеник што го загуби своето пратеничко место по кривична пресуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 се повредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави Ројтерс.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин
Европа
Почнува судењето на бездомничката од Алжир, која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес, почнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокира Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петокот на 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка, која престојувала во станот на сестра ѝ во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Еден и пол подоцна камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот бргу доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеца пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот „Фресне“, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин