Свет
Смртна казна за абортус во Јужна Каролина, предложен закон за жените што ќе ја прекинат бременоста
Законодавците во американската сојузна држава Јужна Каролина размислуваат да усвојат закон со кој абортусот се казнува со смрт.
Дваесетина члена на законодавниот дом на Јужна Каролина поднесоа заеднички предлог-закон со кој оплодените јајце-клетки ќе се дефинираат како личности.
Според ова, нероденото дете кое е жртва на убиство би ја имало истата заштита пред законот како и другите.
Според истиот предлог, минималната казна за жените што ќе абортираат би била 30 години затвор, а максималната – смрт.
Сепак, предвидени се некои исклучоци, вклучително и жени што „извршиле абортус поради смртна опасност или голема телесна повреда“.
Ослободени би биле и жените што „случајно или ненамерно би го изгубиле своето неродено дете за време на процедури за спасување живот, под услов да се преземат сите разумни алтернативи за да се спаси животот на нероденото дете“.
Во моментот на жените во Јужна Каролина им е дозволено да абортираат најдоцна во рок од 21 недела и шест дена од бременоста, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

