Свет
Смртна казна за убијците на новинарот Кашоги
Саудиска Арабија осуди на смртна казна пет лица во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Уште три лица се осудени на затворска казна од 24 години, пренесе српски „Телеграф“.
Истакнатиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“ беше убиен по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.
Новинарот на возраст од 59 години го посетил конзулатот со цел да ги достави личните документи во пресрет на неговата свадба со свршеничката, Турчинката Хатиџе Ченгиз. Тој никогаш не го напуштил објектот, каде што се верува дека бил исечен на делови, иако остатоци од неговото тело засега не се пронајдени.
На почетокот Саудијците тврдеа дека Кашоги излегол од конзулатот и дека тој бил убиен во борба со непријателски саудиски агенти, но на крајот саудискиот државен обвинител призна дека убиството на Кашоги било испланирано.
Кашоги, кој често го критикувал саудискиот принц, живееше во САД бидејќи стравувал за својот живот во Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија тврди дека принцот Мохамед бин Салман и кралот Салман не знаеле ништо за планираното убиство на Кашоги.
Меѓутоа, американски официјални претставници тврдат дека таква мисија, вклучувајќи и 15 саудиски агенти, кои од Ријад заминале во Истанбул непосредно пред убиството, не можела да биде извршена без дозвола на принцот Бин Салман.
Сепак, специјалниот извештај на ОН не презентира заклучоци за вина на котроверзниот саудиски принц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.