Свет
Собрани повеќе од десет милиони потписи за отповикување на Трамп
Демократските застапници и либералните организации во четвртокот во Вашингтон предадоа петиции со вкупно десет милиони потписи со кои бараат Конгресот да поведе постапка за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Пред Капитол, седиштето на Конгресот, каде што се поставени плочи на кои пишува „Трамп мора да замине“, двајцата застапници, Рашида Тлаиб и Ал Грин, заедно со претставници на здруженија, предадоа УСБ со собраните потписи.
„Имаме десет милиони причини зошто сме тука денес“, рече Ал Грин. „Во ова време, кое е многу тешко за нашата земја, време е да се бориме“, рече Рашида Тлаиб, која со месеци бара оставка од Трамп.
Тлаиб, која е во долниот дом од јануари, веќе во март поднесе резолуција во која го повикува Одборот за правосудство да испита дали има причини за отповикување на претседателот.
Раководството на Демократската партија, за разлика од либералното крило, сепак, ги смирува страстите со напомена дека постапката за отповикување, која е непопуларна во анкетите, може длабоко да ја подели земјата, која има 325 милиони жители, а се ближат избори во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

