Свет
Сојлу: Турција ќе ги врати заробените терористи во нивните држави

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека земјата ќе ги испрати заробените припадници на Исламска држва назад во нивните матични земји.
Тој истакнал дека Европа ја остава Турција сама да го решава прашањето за заробениците.
„Тоа е неприфатливо за нас. Исто така е неодговорно“, рекол тој.
Турција зароби борци на ИД на североистокот на Сирија, откако ја почна воената офанзива минатиот месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Скопјанец упасен во Албанија, Австрија го бара за издржување 20 години затвор

Во рамки на акцијата „Операција 54“, албанската полиција уапси македонски државјанин кој се барал со меѓународна потерница издадена од австриските власти за сериозни кривични дела, меѓу кои трговија со дрога, закани, изнуда и телесна повреда.
Како што информира Дирекцијата на силите за специјални операции во Албанија, приведен е 41-годишниот М.А. од Скопје, кој бил лоциран и уапсен на албанска територија.
„Лицето М.А. е баран со потерница од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, за кривични дела за кои со австрискиот Кривичен законик е предвидена затворска казна до 20 години“, се наведува во соопштението од албанската полиција.
При апсењето кај осомничениот била пронајдена и марихуана, која е запленета како доказ во текот на истрагата.
Постапките за екстрадиција на осомничениот се во тек, во координација меѓу Интерпол Тирана и австриските правосудни органи.
Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин со меѓународна потерница во Албанија овој месец. На 6 јули, на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, беше приведен 34-годишниот А.А. од Кичево, кој се бараше од швајцарските власти и е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.
Свет
Украина собори 40 руски дронови, Русија возврати со 36 пресретнати над своја територија

На небото над Украина и над Русија се води сè поинтензивна беспилотна битка, Киев и Москва тврдат дека успешно ги неутрализирале најголемиот дел од ноќните напади.
Во текот на ноќта меѓу 12 и 13 јули, украинските сили за противвоздушна одбрана собориле 40 од вкупно 60 дронови со кои Русија извршила напад врз украински цели, соопштија Воздухопловните сили на Украина. Според агенцијата „Укринформ“, нападот бил извршен од правец на руските градови Курск и Милерово, а користени биле ирански дронови од типот „Шахед“ како и беспилотни летала-имитатори.
Целите биле главно во близина на линијата на фронтот – територии во Доњецката, Сумската и Дњепропетровската област, каде што во текот на последните денови се водат жестоки борби.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана информира дека и руската противвоздушна одбрана успешно неутрализирала 36 украински дронови над неколку региони во западниот дел на земјата. Според нивното соопштение, 26 беспилотни летала биле соборени над Белгородската област, четири над Воронежската, и по три дрона над Липецката и Нижегородската област.
Иако ниту една од страните не објави информации за евентуални жртви или материјална штета, интензитетот на воздушните напади укажува на ескалација на воените дејствија преку беспилотна технологија.
Свет
Ким Џонг Ун: Северна Кореја му дава целосна поддршка на Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во пристанишниот град Вонсан, каде уште еднаш ја потврди силната поддршка на Пјонгјанг за руската агресија врз Украина.
„Имаме исти ставови за сите стратешки прашања. Северна Кореја е подготвена безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во справувањето со коренот на украинската криза“, му рекол Ким на Лавров, пренесува ДПА повикувајќи се на државната новинска агенција КЦНА.
Состанокот следи по минатогодишното потпишување на Договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја, потпишан за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг во 2024 година. Договорот предвидува воена помош во случај една од двете земји да биде нападната.
Според податоците од украинската разузнавачка служба, Северна Кореја веќе ја реализира својата поддршка преку испорака на оружје и војници на Москва. Наводно, околу 14.000 севернокорејски војници биле распоредени во западниот руски регион Курск, каде што учествуваат во операциите против украинските сили.
Со оваа поддршка, Пјонгјанг дополнително ја зацврстува својата улога како еден од ретките отворени сојузници на Русија во тековниот конфликт, кој започна со инвазијата на Украина во февруари 2022 година.