Свет
Со нападите на Крим ќе се спасат животите на Украинците, порача украинскиот министер за одбрана
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, посочи дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014, и преминот Керч, кој го поврзува со руското копно.
„Сите овие цели се легитимни бидејќи тоа ќе го намали нивниот капацитет да се борат со нас и ќе помогне да се спасат животите на Украинците“, рече Резников во интервју за Си-ен-ен.
На прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот, Резников одговори дека нормалната тактика е уништување на логистичките линии на непријателот бидејќи е спречено снабдувањето со муниција, гориво и храна.
„Затоа ќе ја искористиме оваа тактика против нив“, рече Резников.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицаец им ги откривал на возачите позициите на радарите на WhatsApp
Млад полицаец од Горна Австрија се нашол во сериозна неволја бидејќи наводно ги открил локациите на полициските радари во WhatsApp група со повеќе од илјада членови. 27-годишникот утре ќе се појави на суд во Велс под обвинение за злоупотреба на службена должност.
Од почетокот на 2023 година до крајот на 2024 година, возачите во округот Феклабрук имале моќна алатка за избегнување казни – информации што доаѓале директно од полициските редови, пишува порталот „Кроне“.
Тој е обвинет за злоупотреба на службена положба и повреда на доверливоста на податоците, бидејќи информациите што ги споделувал доаѓале директно од неговото работно место. „Обвинетиот нема осуди и не добил ништо за своите постапки. Тој целосно признал и рекол дека не размислувал за тоа“, изјавил Андреас Румплмајр, портпарол на судот во Велс.
Според обвинението, младиот полицаец испратил вкупно 111 пораки за локациите и времето на проверка на брзината во период од 62 дена.
Покрај тоа, тој споделил и три фотографии од местото на несреќите во групата, со што ја прекршил својата законска обврска да чува службени тајни.
Целиот случај бил откриен по анонимна пријава до Федералната канцеларија за спречување и борба против корупцијата (BAK).
Фото: принтскрин
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин

