Свет
Спасени над 60 мигранти во Ла Манш

Британската гранична полиција и крајбрежната стража денеска спасија 49 мигранти кои се обиделе го преминат Ла Манш во мали чамци.
Меѓу мигрантите имало мажи, жени и едно дете, кои рекле дека се од Авганистан, Ирак и Иран, пренесе Би-би-си.
Истовремено, француските власти спасија 14 мигранти за кои рекоа дека страдаат од хипотермија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Путин нема да може да го освои целиот Донбас до крајот на годината

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да може да ги оствари своите намери, кои, како што рече, му ги пренел на претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, да го освои целиот Донбас до крајот на годината.
Во интервју за ABC News, Зеленски, исто така, рече дека тврдењата од Москва дека Русија окупирала 70 проценти од територијата на Донбас од почетокот на војната во 2022 година, и дека таквите изјави претставуваат манипулации од страна на Руската Федерација, пренесува Unian.
Тој рече дека пред 11 години, кога Русија го окупирала Крим без борба, таа окупирала и една третина од Донбас, и дека по почетокот на тоталната војна со Украина во 2022 година, „за речиси четири години, таа окупирала околу 30 проценти од регионот Донецк, а не целиот Донбас“. „Во текот на годините на тотална војна, тие окупирале само 30 проценти (од територијата на Донбас)“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека ова е значаен дел од територијата, но дека Кремљ жртвувал повеќе од еден милион свои војници за тоа. Зеленски рече дека Русија „нема да го окупира“ целиот Донбас до крајот на годината, исто така затоа што цената би била милиони мртви.
„Тие нема да го окупираат. Цената се години и милион луѓе. И ако не години, но тоа се случува побрзо, тогаш едноставно повеќе луѓе. Не милион луѓе, туку два милиони, три милиони трупови. Тоа е цената на ова“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека контролираниот дел од регионот Донбас и Донецк останува важна територија за Украина, како и дека освојувањето на целиот тој регион од страна на руските сили би значело загрозување на големите украински градови, како што е Харков, кој е оддалечен 90 километри од регионот.
Тој потсети дека во Харков живеат еден и пол милион луѓе кои не сакаат да го напуштат својот роден град и дека би било „страшна трагедија“ ако Русија го освои целиот Донбас.
„Што ќе се случи? Тоа ќе биде ужасна трагедија. И ќе го отвори патот кон Днепар, индустрискиот центар на Украина. Ова е нашата економија, нашите фабрики, нашето производство. Ова е сериозен придонес кон бруто домашниот производ на земјата“, додаде Зеленски.
Фото: оринтскрин
Свет
Калас: Путин нема да застане, освен ако не биде принуден

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија испраќа јасен сигнал до Москва дека нема победа за неа во украинскиот конфликт и дека Русија ќе мора да ги повлече своите трупи и да почне преговори со Киев.
„Русија не ја скрши решителноста на Украина. Не ја скрши ниту нашата. Путин нема интерес за мир. И нема да ја запре војната, освен ако не е принуден“, рече Калас во говорот пред Европскиот парламент, од кој објави делови на своите профили на социјалните мрежи.
Таа истакна дека пораката на Европската Унија до Русија е сè уште јасна – Москва нема да може да излезе како победник во овој конфликт. Според неа, по воспоставувањето мир, не смее да се дозволи вооружување на руските вооружени сили.
Калас нагласи дека одлуката за судбината на Украина мора да биде во рацете на Киев и дека ЕУ е подготвена да продолжи да го поддржува украинското раководство „сè додека е потребно“.
Во исто време, сè уште има јавни дискусии за можни сценарија за завршување на конфликтот. Поранешниот британски премиер Борис Џонсон неодамна изјави дека „војната не се води за територија, туку за судбината и за идентитетот на Украина“. Тој посочи дека прекинот на огнот може да биде решение, дури и во форма на замрзнување, но призна дека во тој случај Русија ќе ја задржи контролата врз значаен дел од украинската територија.
„Таквата ситуација би му обезбедила на Путин излез, а Украина, и покрај загубите, ефикасно би ги спасила својата државност и демократијата“, оцени Џонсон.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Русите убија повеќе од 20 луѓе што чекаа пензии

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го осуди рускиот воздушен напад врз селото Јарова во регионот Донецк, во кој, според прелиминарните податоци, беа убиени повеќе од 20 цивили. Нападот се случи во времето на исплата на пензиите.
„Брутално дивјачки руски воздушен напад со воздушна бомба врз селото Јарова во регионот Донецк. Директно врз луѓе. Обични цивили. Во времето на исплата на пензиите. Според прелиминарните информации, беа убиени повеќе од 20 луѓе. Немам зборови… Моето сочувство до сите семејства и до најблиските на жртвите“, рече Зеленски.
Тој додаде дека ваквите руски напади не смее да останат без одговор од светот.
„Русите продолжуваат да уништуваат животи избегнувајќи нови силни санкции. Светот не смее да молчи. Светот не смее да остане непроменет. Потребен е одговор од Соединетите Американски Држави. Потребен е одговор од Европа. Потребен е одговор од Г20. Потребни се силни акции за да се принуди Русија да престане да носи смрт“, рече Зеленски.
Фото: ЕПА