Свет
Според шефот на израелски Мосад, Иран стои зад нападите

Директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Јоси Коен, го обвини Иран дека стои зад низата неодамнешни напади врз цели низ Персискиот Залив.
„Со сигурност можам да ви кажам, од најдобрите извори на израелските и западните разузнавачки служби, дека Иран стои зад нападитет”, изјави Коен на годишната безбедносна конференција во Израел.
Коен ги спомена неодамнешните напади врз танкерите за нафта во Заливот, нафтените полиња во Саудиска Арабија и во Багдад, објави АП.
Тој тврди дека овие напади биле „одобрени од иранското раководство”, и дека повеќето од нив биле извршени од Револуционерната гарда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.
Свет
Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка Дороти Шиа оцени дека инцидентот е алармантно кршење на воздушниот простор.
Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва, пак, тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дроновите не дозволувал да стигнат до Полска.
Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.
Свет
Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.
Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.
Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони.