Свет
Спортисти и олигарси ја напуштаат Украина
Постојаните најави за можен руски напад, како и акумулацијата на руски војници по должина на украинската граница предизвикуваат страв, сомнежи и паника во таа земја. Многу спортски и културни настани се откажуваат, клубовите одат на продолжени подготовки во странство, бараат нови засолништа, а според најтиражниот киевски дневен весник „Украинска правда“, забележан е невиден одлив на олигарси и претприемачи од Украина во последните неколку дена.
Според медиумите, толкав чартер и приватни летови до европските дестинации викендов не се евидентирани во последните шест години.
Меѓу оние кои ја напуштија Украина е и најбогатиот (според листата на Форбс) Украинец, тежок нешто помалку од осум милијарди долари, Ринат Ахметов, инаку сопственик на фудбалскиот клуб Шахтјор од Доњецк, кој моментално е во егзил во Лавов. Неговиот авион со околу 30 седишта е забележан како лета кон Цирих.
И вториот по богатство, од околу пет милијарди долари, Виктор Пинчук, зет на поранешниот украински претседател Леонид Кучма, со своја придружба одлета во Виена.
Борис Колесников, кој има нешто поскромна банкарска сметка – преку милијарда долари, полета за Прага. Но тој вели дека само авионот полетал, не и тој. Наводно, сè уште е во Киев.
Интересен е случајот со Олександр Јарославски, кој е меѓу првите десет најбогати Украинци, чија автомобилска поворка што се движела кон аеродромот во Киев згазила пешак, но тоа, според „Украинска правда“, не го спречило олигархот да одлета во егзил во странство.
Весникот наведува пет други милијардери – Вадим Новински, помладиот партнер на Ахметов, член на проруската платформа „Опозиција за живот“ и партискиот пратеник Игор Абрамович, исто така милијардер кој изнајмил авион за 50 луѓе и долетал за Виена, но рекол дека отишол на деловна средба и забава.
Одлетаа и Вадим Столар, поранешен пратеник на Партијата на регионите, пребегнатиот претседател Виктор Јанукович и Василиј Хмелницки, претприемач близок до поранешната украинска челична госпоѓа Јулија Тимошенко, како и Ендрју Ставницер, милионер и почесен конзул на Австрија во Одеса.
Меѓу оние кои се засолниле е и соработникот на поранешниот претседател Петро Порошенко, Вадим Нестеренко, кој е член на партијата Солидарност во Врховната Рада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

