Свет
Спречен терористички напад во Москва
Руските безбедносни служби спречија терористички напад со бомба и приведоа човек што се подготвувал да активира бомба пред зградата на владата, објави Федералната служба за безбедност (ФСБ).
ФСБ го опиша човекот како личност од Централна Азија додавајќи дека тој дејствувал по наредба на меѓународна терористичка група.
Ваквите инциденти се ретки во главниот град, а вработен во ФСБ беше убиен во центарот на Москва во декември минатата година кога маж пукаше кон зградите на ФСБ.
Федералната служба за безбедност објави дека пронашла делови од импровизирана експлозивна направа меѓу предметите на притворениот човек со упатства за правење експлозив и преписка со други милитанти.
„Сторителот планирал да отпатува во борбена зона на Блискиот Исток за да учествува во активностите на терористичките групи“, објави ФСБ на својата веб-страница.
Исто така, беше речено дека се водат истраги и дека е поведена кривична постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Скандал на траект меѓу Франција и Британија: емитуван порнографски филм пред патници, децата врескале
На траект на релација Франција – Велика Британија, по грешка бил пуштен порнографски филм пред патниците, меѓу кои имало и деца, објави „Гардијан“. Инцидентот се случил кон крајот на октомври, по завршување на преносот од трката во Формула 1 кој патниците го следеле во салонот.
Траектната компанија „ДФДС“ се извини и соопшти дека екипажот не знаел дека ќе се емитува таков содржина и дека каналот веднаш бил сменет кога биле предупредени. Каналот подоцна бил целосно отстранет од системот.
Очевидци изјавиле дека децата трчале врескајќи од салата и дека родителите побарале да се исклучи телевизорот.
Еден патник рекол дека ситуацијата била хаотична и дека луѓето биле вознемирени.
Свет
Украина првпат нападна со ракети „Фламинго“: експлозии во рускиот Орел
Во рускиот град Орел утринава одекнаа повеќе експлозии поради украински напад со далекуметни крстосувачки ракети „Фламинго“, што е нивна прва потврдена борбена употреба. Украинскиот Генералштаб соопшти дека биле изведени координирани удари врз неколку десетици руски воени и логистички цели на руска територија и на окупираните украински подрачја.
На објавените видеа се гледаат запалени фрагменти од ракети како паѓаат меѓу станбени згради и паркирани автомобили.
Украина потврди дека биле погодени цели на Крим, меѓу кои нафтен терминал, инфраструктура за беспилотни летала и радарски систем. Во окупираната Запоришка област биле таргетирани складишта нафта и командни пунктови на руските сили.
Генералштабот соопшти дека се користеле повеќе видови ново украинско далекуметно вооружување – „Фламинго“, „Барс“ и „Љутиј“.
Гувернерот на Орел прогласи воздушна тревога и повика граѓаните да останат во засолништа. Засега нема информации за жртви.
Ракетата „Фламинго“, претставена во август 2025 година, има домет над 3.000 километри и е опремена со боеви глави што можат да пробијат до 10 метри армиран бетон.
Свет
Кремљ: Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција
Москва, чиишто сили се обидуваат да го преземат Покровск во источна Украина, ја обвини украинската страна дека одбива да учествува во мировни преговори, додека Киев смета дека условите на Русија се неприфатливи и претставуваат барање за капитулација.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение и дека го сака мирот, но ако тоа не е возможно, ќе продолжи да се бори за сопствената безбедност.
Песков додаде дека Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција, бидејќи позицијата на киевскиот режим се влошува секој ден.
ТАСС претходно објави дека Русија е подготвена за продолжување на мировните разговори во Истанбул. Последната средба меѓу делегациите се одржа на 23 јули и траеше само 40 минути.

