Регион
Србија воведува полициски час
Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забрaнет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години.
Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, од утре од 20 часот до 5 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.
„Целта ни е да за два до три дена да се бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови“, најави Вучиќ како дел од мерките кои ги презема земјата во борба против коронавирусот.
Тој најави дека Србија ќе излезе во пресрет на барањата на Северна Македонија за извоз на пченка и брашно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсени двајца тинејџери, со дрвен столб претепале човек до смрт во Србија
Полицијата уапси двајца тинејџери, 19-годишник и 17-годишник од Бојник, Србија, под сомнение дека во понеделникот со шипки го претепале и го убиле 61-годишниот Славиша Б. од селото Горњи Брестовац.
Мотивот за убиството се уште не е познат, а осомничените се откриени благодарение на снимката од надзорната камера која ги снимила во друштво на жртвата, пишува Телеграф.
Жителите на Горњи Брестовац тагуваат по убиениот за кого сите имаа само пофални зборови. Со оглед на тоа што беше добро познат и сакан меѓу своите соселани, неговото ненадејно отсуство предизвика загриженост.
„Кога во вторникот не се појавил во селото, соседите се посомневале дека нешто му се случило и повикале полиција. Бидејќи вратата од куќата му била заклучена, полицијата морала да ја скрши. Внатре се било на свое место – телевизорот беше вклучен, а мобилниот му се полнеше, како да излегол само кратко време“, вели Радојка Стојановиќ од Горњи Брестовац.
Вечерта полицијата почнала истрага и распрашувала низ селото за него, а следниот ден тргнала во потрага.
Во потрагата помогнале соседите, а телото го пронашле покрај извор, со дрвени столбови, кои очигледно биле користени во нападот, рече Радојка.
Припадниците на МВР во Бојник брзо ги легитимирале и привеле Н.У.(19) и 17-годишникотод Бојник поради сомнение дека сториле кривично дело соизвршителство во убиство.
Според МВР, двајцата осомничени се обвинети дека на 27 јануари по кратка расправија во куќа во село кај Бојник физички нападнале 61-годишен маж и му нанеле повеќе удари. Потоа го одвлекле до блискиот поток, го врзале и продолжиле брутално да го тепаат со раце, нозе и дрвен столб.
Регион
Студентите од Белград се упатуваат кон Нови Сад – дводневна прошетка пред големиот протест
Студенти од блокираните белградски факултети денеска ќе тргнат на прошетка од Белград до Нови Сад со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица.
Бранот студентски протести со барање одговорност за уривањето на настрешница на 1 ноември во Нови Сад, при што тешко беа повредени две лица, постојано се шири повеќе од два месеци.
Студентите во блокадата денеска ги повикаа и заинтересираните граѓани да им се придружат со сопствена организација на потребните ресурси.
Студентскиот парламент на Правниот факултет на Универзитетот во Белград соопшти дека од годишниот буџет на тој парламент се донирани 2,5 милиони динари за студентите на тој факултет за набавка на топли оброци и вода за пиење.
Регион
Вучиќ ја помилува деканката од Ниш, таа не знае зошто: „Против мене не се води постапка“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ донесе одлука за помилување на 13 лица, меѓу кои и деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ. Таа наведува дека против неа нема кривична постапка, вели дека не знае за што е помилувана и дека претседателот со неговиот гест се обидува да добие наклоност, пишуваат српските медиуми.
Вучиќ пред неколку дена најави дека ќе донесе одлука за помилување на лицата кои беа уапсени или приведени за време на студентските протести, што подразбира изземање од кривично гонење. Одлуките за помилување беа донесени денеска, а покрај шестмина ученици, еден доцент, четворица директори на училишта и еден помошен работник во училиштето, помилувана е и деканката на Филозофскиот факултет Наталија Јовановиќ.
Јовановиќ не знае за кое дело е изземена од гонење.
„Измислува процес, нема обвинение, нема судење, не сум кривично гонета – ме помилува. Стигнавме до крајот. Се плаши за себе и мисли дека со помилување може да стекне некаква услуга. Никој што го прекршува законот не може да ја добие мојата наклонетост. Неговиот гест веројатно се должи на тоа што сум во јавноста, за да ми фрли некаква дамка“, изјавила Јовановиќ, пренесува „Јужни вести“.
Неколку месеци претходно, Обвинителството за организиран криминал покрена истрага против Наталија Јовановиќ со проширување на истрагата за случајот на поранешниот државен секретар во Министерството за образование, Небојша Ранѓеловиќ Нечер. Јовановиќ смета дека помилувањето се однесува на тој случај, но нагласува дека таа е само осомничена.
„Претпоставувам дека помилувањето се однесува на тоа затоа што во мојот живот бев во суд само за оставинското рочиште и за рочиштето на 29 ноември поради продолжување на тоа обвинение. Против мене не беше покренато обвинение, бев осомничена, не кривично гонета, за што сега ме помилува“, вели Наталија Јовановиќ.
Според тамошните медиуми, решенијата за помилување се доставени до Министерството за правда за да се спроведат понатамошни постапки.