Свет
Стармер: Ќе играме водечка улога во безбедносните гаранции за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер им се обрати на работниците во фабрика за одбрана во Ливерпул.
„Безбедноста и одбраната на нашата земја, на Европа и на Украина се апсолутно најважни во овој момент“, рече тој.
На прашањето за воената поддршка за Украина премиерот изјави дека она што е најважно е траен мир, кој ќе стави крај на војната и ќе гарантира дека Украина може да носи свои одлуки.
„Важно е сите да се фокусираат на тоа. Ако има договор, ќе го браниме договорот“, додаде.
Тој истакна дека владата мора да се фокусира на потенцијалните безбедносни гаранции и додаде дека „Обединетото Кралство ќе игра водечка улога“ во тоа.
„Ова мора да се направи во соработка со САД“, одлучен е Стармер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Дуда: Членките на НАТО треба веднаш да ги зголемат трошоците на најмалку три проценти од БДП

Сите земји-членки на НАТО треба веднаш да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку три отсто од БДП, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Брисел со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
– Поднесов писмено барање до генералниот секретар ова прашање да биде покренато на претстојниот самит во Хаг и да се донесе таква одлука најмалку три проценти од БДП на земјите-членки на алијансата да се распределат за одбрана, – рече Дуда.
Целта на членките на НАТО е да издвојуваат два отсто годишно, додека Хрватска, Португалија, Италија, Белгија, Луксембург, Словенија и Шпанија издвојуваат помалку од два отсто од БДП, покажуваат податоците на Алијансата, пренесува Танјуг.
Регион
Владата во Албанија го забрани „Тик-ток“на 12 месеци

Албанската влада денеска донесе одлука да ја забрани апликацијата „Тик-ток“ на 12 месеци поради содржина која наводно поттикнува насилство и малтретирање, особено кај децата.
Албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу рече дека владата е во контакт со „Тик-ток“ за инсталирање филтер за родителска контрола, како и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата, пренесува АП.
Албанските власти одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препораа и беа за затворање или ограничување на платформата „Тик-ток““, рече министерката.
Владата во Тирана покрена иницијатива за затворање на апликацијата минатата година, откако тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември по расправија што започна на „Tик-ток“.
Рама денеска изјави дека владата е во „позитивен дијалог со компанијата“ која наскоро ќе оди во Албанија за да понуди „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.
Компанијата соопшти дека не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на „Тик-ток“, а повеќе извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до овој инцидент биле објавени на платформа различна од „Tик-ток“.
Родителите според написите, изразиле загриженост по извештаите на децата кои се инспирирани од содржината на социјалните мрежи да носат ножеви на училиште, или случаите на малтретирање промовирани со приказни што ги гледаат на „Tик-ток“.
Властите го зголемија полициското присуство во некои училишта и воведоа други мерки, вклучително и програми за обука на наставниците, учениците и нивните родители.
Албанската опозиција не се согласи со затворањето на „Тик-ток“ и го одреди 15 март како ден за протест против тој потег, тврдејќи дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“, пренесува Танјуг.
Свет
Макрон објави фотографија со Зеленски

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на „Твитер“ објави фотографија од средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Заедно во Брисел. За цврст и траен мир. За безбедноста на Европа“, напиша Макрон.
Together in Brussels.
For a solid and lasting peace.
For Europe’s security. pic.twitter.com/OKF1jXZgOM— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) March 6, 2025