Свет
Стејт департментот објави документ за помошта што се очекува за бегалците од Авганистан
Со оглед на влошената безбедносна состојба, ги повикуваме сите страни да го почитуваат и олеснaт безбедното и уредно заминување на странски државјани и Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата.
Ова е почетокот на заедничката изјава oбјавена од американскиот Стејт департмент, која е потпишана од околу 100 земји и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност.
Меѓу земјите потписници на изјавата, во врска со обезбедување услови за бегалците од Авганистан, е и Македонија, заедно со Хрватска, Црна Гора, Албанија, Словенија и Косово, како земји од Западен Балкан.
Од регионот потписници на документот не се само Србија и Босна и Херцеговина.
Во изјавата, меѓудругото, се повикуваат оние кои се на позиции на моќ и авторитет во Авганистан да сносат одговорност и отчетност за заштита на човечките животи и имоти и за итно враќање на безбедноста и граѓанскиот поредок.
„Мора да им се дозволи на Авганистанците и другите граѓани кои тоа го сакаат да заминат, а патиштата, аеродромите и граничничните премини да останат отворени за да се одржи смиреност“, се наведува во соопштението.
Во него се додава и дека авганистанскиот народ заслужува да живее безбедно и достоинство и се нагласува дека меѓународната заедница е подготвена да му помогне во тоа.
Земјите потписнички на документот се: Албанија, Австралија, Австрија, Бахами, Белгија, Буркина Фасо, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Естонија, Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Микронезија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гватемала, Гвајана, Хаити, Хондурас, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Косово, Летонија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалските Острови, Мавританија, Црна Гора, Науру, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Нигер, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Кватар, Јужна Кореја, Кипар, Романија, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Шпанија, Суринам, Шведска, Того, Тонга, Уганда, Обединетото Кралство, Украина и Јемен, пренесе британски „Гардијан“, кој дошол до документот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

