Свет
Стејт департментот: Обвинувањата на Турција дека САД стојат зад обидот за пуч се неодговорни

Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти дека процените на турските официјални лица оти САД се вмешани во обидот за државен удар во Турција во 2016 година се целосно неточни.
Во соопштението на Стејт департментот, откако турскиот министер за внатрешни работи ги обвини САД дека стојат зад обидот за државен удар, се вели дека забелешките за вмешаноста на САД во настаните во Турција се неосновани и неодговорни.
„Ваквите изјави, кои доаѓаат од Турција, не се во духот на НАТО-сојузништвото“, се додава во соопштението од Вашингтон.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, ги обвини САД дека стојат зад неуспешниот пуч во 2016 година.
Сојлу за „Хуријет“ изјави дека Соединетите Американски Држави го контролирале обидот за државен удар додека мрежата на Фетулах Ѓулен го спроведувала.
„Јасно е дека САД стојат зад 15 јули. ФЕТО го стори тоа по нивна наредба“, рече тој.
Повеќе од 250 лица беа убиени во обидот за соборување на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата влада на 15 јули 2016 година.
Анкара долго време ги обвинуваше проповедникот Фетулах Ѓулен, поранешен сојузник на Ердоган, кој живее во Пенсилванија, и неговото движење, за кое Анкара ja користи кратенката ФЕТО. Ѓулен негира каква било вмешаност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.