Свет
Стивен Биган назначен за заменик-државен секретар на САД
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биган (56), ветеран за надворешна политика, за следен заменик-државен секретар.
Неименуван американски службеник изјави дека Биган ќе ги задржи своите одговорности во дипломатијата со Северна Кореја. Биган ќе го замени Џон Саливен како службеник број 2 на Стејт департментoт.
Саливен е номиниран за следниот амбасадор во Русија, пренесува „Ројтерс“.
Номинацијата на Биган има широка поддршка меѓу високите дипломати, а тој исто така се смета за погоден кандидат за државен секретар во случај Мајк Помпео да одлучи да се пензионира и да се кандидира за место во Сенатот в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

