Европа
Столтенберг: Очекувам лидерите да потврдат дека Украина ќе стане членка на НАТО еден ден

Лидерите на НАТО на нивниот самит следната недела во Вилнус ќе потврдат дека Украина еден ден ќе стане членка и ќе се договорат за начините како да ја доближат до таа цел, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Очекувам дека лидерите ќе потврдат дека Украина ќе стане членка и ќе се договорат за начините за приближување на Украина до таа цел“, рече Столтенберг на прес-конференција.
„Ќе испратиме јасна порака од самитот – НАТО е обединет и на Русија нема да и се исплати агресијата“, рече Столтенберг.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара од НАТО цврсти ветувања дека Украина ќе стане членка откако ќе заврши војната што ја започна Русија.
Генералниот секретар рече дека се работи на текст кој ќе биде усвоен на самитот и во кој сојузниците ќе ја истакнат својата подготвеност да понудат безбедносни гаранции за Украина.
Во Вилнус ќе се одржи првиот состанок на Советот НАТО-Украина, нова платформа, што значи зајакнување на статусот на Украина во односите со НАТО. Претходната соработка беше институционализирана преку Комисијата НАТО-Украина, во чии рамки Киев не можеше да соодлучува за прашања од заеднички интерес.
За разлика од тоа, Советот НАТО-Украина ќе биде платформа за консултации и одлучување во која Украина ќе учествува подеднакво во областа на заедничките безбедносни прашања.
Се очекува претседателот Володимир Зеленски да присуствува на основачкиот состанок на Советот НАТО-Украина, изјави генералниот секретар Столтенберг.
Тој додаде дека лидерите на НАТО ќе ја потврдат повеќегодишната програма за помош на Украина, која ќе им овозможи на нејзините сили да бидат интероперабилни со силите на Алијансата.
Лидерите на 31 земја-членка на НАТО се среќаваат следните вторник и среда на самитот во Вилнус. Едно од поважните прашања што се обидува да се реши пред самитот е како да се отстрани турската блокада за членството на Шведска во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин