Свет
Столтенберг: Путин не планира мир, туку уште војна
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на безбедносната конференција во Минхен за Си-ен-ен изјави дека никој не знае кога ќе заврши војната во Украина, но дека нема знаци оти рускиот претседател Владимир Путин ги променил своите амбиции.
„Го гледаме спротивното. Путин не планира мир, тој планира уште војна“, рече Столтенберг.
Столтенберг, посочувајќи на борбите во Бахмут во источна Украина, рече дека Русите веќе почнуваат офанзивни операции.
„Тешко е да се каже дали тоа е голема офанзива или тоа е само еден вид увертира за голема офанзива. Но, таму пристигнуваат сè повеќе руски војници и оружје. Русија се обидува да компензира за лошата опрема и логистика со повеќе војници. Се чини како фрлање бранови луѓе на линијата на одбраната, што е еден вид борба, која не е видена уште од Првата светска војна. Ако не се грижите толку за животите на луѓето, тогаш само фрлате сè повеќе од нив во борба. Ако сакаме Украина да надвладее како суверена нација и ако сакаме мирно решение утре, тогаш треба да ѝ дадеме воена поддршка денес. Ефективноста на преговорите зависи од силата на бојното поле“, изјави шефот на НАТО за Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.