Свет
Столтенберг: Украина да се согласи на привремени територијални отстапки
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување на територијата на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.
„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел“, рече тој.
Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Снегот парализираше села кај Златибор: урнати далноводи, жителите 30 часа без струја
Поради големото количество обилен снег, во подножјето на Торник на Златибор паднаа два далноводи и неколку дрвени столбови, па селата Стубло и Јабланица се без струја околу 30 часа, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Нова.рс, екипите задолжени за санирање на дефектот денеска излегле на терен. Врз основа на проценката на моменталната состојба, имајќи ја предвид количината на снег и паднатите дрвја што ја предизвикаа несреќата, струја и во текот на овој ден нема да добијат две златиборски села.
Големото количество на снег натежнале над боровите стебла, кои од тежината се откорнале па десетици од нив паднале на струјните кабли. Во овој дел на Златибор моментално има густа магла, а снегот е висок околу 60 сантиметри, јавуваат тамошните медиуми.
Европа
(Видео) Демонстрантите во Грузија испалија огномет кон полицијата, објавена снимка
Во главниот грузиски град Тбилиси веќе четири ноќи по ред се водат жестоки судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти кои не се задоволни од одлуката да се одложи дебатата за пристапување на земјата во Европската унија.
The Moscow puppet government in Georgia decided to attack pro-democracy protestors with water cannons, pepper spray, tear gas, and rubber bullets, the protestors responded with the equivalent of a fireworks mini gun. #georgiaprotests pic.twitter.com/oAJN5FOVtt
— Anonymous (@YourAnonCentral) November 30, 2024
Демонстрантите фрлаат молотови коктели и огномет врз полицајците. Исто така, тие поставија барикади на улиците, а потоа ги запалија. Полицијата реагираше со солзавец и водени топови.
Протести се одржуваат и во други градови низ Грузија. Судирите – и продлабочената политичка криза меѓу националистичката конзервативна влада и проевропската опозиција – се закануваат да ја поделат земјата. Европската унија би можела да воведе санкции поради последните настани во Грузија, изјави вчера новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
„Јасно е дека употребата на насилство врз мирните демонстранти не е прифатливо и (грузиската) влада треба да ја почитува волјата на грузискиот народ, но и грузискиот устав“, рече Калас за време на посетата на Киев.
Свет
Трамп ја критикуваше одлуката на Бајден да го помилува својот син: Тоа е злоупотреба
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер Бајден, оценувајќи ја таа одлука како злоупотреба и погрешна одлука.
Доналд Трамп ја спореди оваа одлука на Бајден со одлуката во која демонстрантите кои учествуваа во немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година беа осудени на неколку години затвор.
„Дали помилувањето на Џо Бајден за Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои сега се затворени со години? Каква злоупотреба и погрешна одлука“, рекол Трамп, а пренесува американски ABC News.
Медиумите потсетуваат дека американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден претходно објави дека го помилувал својот син Хантер, кој чекаше казна во случаите на нелегално поседување огнено оружје и затајување данок.
„Ниту еден разумен човек што ги разгледува фактите за случаите Хантер не може да дојде до друг заклучок освен овој – Хантер беше издвоен исклучиво затоа што е мој син, и тоа е погрешно“, рече Бајден доцна синоќа, мислејќи на „правосудна грешка“, според написите.
Американскиот претседател во заминување во неколку наврати изјави дека нема да даде претседателско помилување на неговиот син, потсетуваат светските медиуми.