Свет
Стопирано тестирањето на оксфордската вакцина, СЗО вели дека случајот не треба да обесхрабрува

Суспендирањето на клиничките испитувања за вакцината против Ковид-19 на фармацевстваката компанија „Астра зенека“ може да биде и повик за освестување и да се разбере дека во научните кругови се случуваат и вакви работи, изјави претставничката на Светската здравствена организација, научничката Сумија Сваминатан.
„Астра зенека“, која ја развива вакцината во соработка со Универзитетот во Оксфорд, влезе во третата фаза на испитувања како најперспективна опција за функционална вакцина.
Сепак, еден од учесниците во истражувањето во Велика Британија доби симптоми поврзани со ретко воспалително нарушување на ‘рбетот, по што тестирањето беше паузирано.
„Ова е повик за освестување за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени. Но, да не се обесхрабруваме“, рече Сваминатан.
Владите во светот чекаат вакцина што ќе помогне да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 поради која починаа повеќе од 900.000 луѓе. Претходно , СЗО вакцината на „Астра зенека ја карактеризира како најперспективна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што земјата го спроведува во Палестина.
„Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата“, рече Санчез во говорот од зградата на владата во Мадрид.
„Не станува збор за одбрана, па дури ни за напад, туку за истребување на народ кој не може да се одбрани. Тука се прекршени сите закони на хуманитарното право“, додаде тој.
Санчез ја обвини меѓународната заедница за соучество во злосторството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, потсетувајќи дека израелската армија убила 63.000 луѓе, ранила 159.000, изгладнела 250.000 и протерала повеќе од 2 милиони од своите домови.
„Шпанската влада итно ќе усвои мерка за правно регулирање на воведувањето ембарго за оружје врз Израел“, рече Санчез.
Ова ќе забрани купување и продажба на оружје, муниција и воена опрема на Израел. На шпанските пристаништа нема да им биде дозволено да примаат бродови што транспортираат гориво за израелската армија, додека на авионите што транспортираат резерви за израелските вооружени сили ќе им биде забрането да влегуваат во шпанскиот воздушен простор.
„Ќе забраниме влез во Шпанија на сите лица кои директно учествуваат во геноцид, кршење на човековите права и воени злосторства во Појасот Газа“, рече премиерот.
Шпанија, исто така, ќе забрани увоз на сите производи што доаѓаат од израелските населби во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа со цел „да се сузбие окупацијата, да се запре присилното протерување и да се олесни решението за две држави“.
фото: принтскрин
Свет
Трамп ѝ се закани на Русија, стигна реакцијата на Кремљ

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкциите врз Русија“ поради војната во Украина, денеска стигна одговорот на Кремљ.
На прашањето за коментарите на Трамп, Кремљ рече дека Европа и Украина прават сè што можат за да ги привлечат САД во својата орбита. Тие додадоа дека никакви санкции никогаш нема да можат да ја принудат Русија да го промени својот став.
Трамп изрази растечко незадоволство од Москва во последните недели по средбата со Владимир Путин минатиот месец, но досега се воздржа од преземање построги мерки.
Најновите изјави укажуваат на зацврстување на ставот, иако американскиот претседател не прецизираше дали е донесена конечна одлука или што би вклучувала „втората фаза“ од санкциите. На прашањето на новинарите во Белата куќа дали е подготвен за втора фаза од санкциите против Русија, Трамп одговори: „Да, подготвен сум“.
Трамп рече дека планира наскоро да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. „Многу наскоро. Во следните неколку дена. Гледајте, ќе завршиме со тоа. Ситуацијата меѓу Русија и Украина. Ќе завршиме со тоа“, рече тој.
Трамп, исто така, рече дека „не е воодушевен“ од најновиот масовен напад на Русија, кој оштети владина зграда во центарот на Киев. „Не сум воодушевен од она што се случува таму. Верувам дека ќе го завршиме тоа. Но, не сум задоволен од нив. Не сум задоволен од ништо што има врска со таа војна“, рече тој.
Трамп нагласи дека „одредени европски лидери“ ќе ја посетат Белата куќа во следните два дена за да разговараат за мировно решение, иако не спомена имиња или детали.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Лекарите и студентите по медицина протестираат во Нови Сад: „Ние преврзуваме, вие претепувате“

Српската полиција во опрема за разбивање на демонстрации, поради чие присуство и грубо постапување неодамна беа организирани големи протести во Нови Сад, денес ја напушти зградата на Филозофскиот факултет за да се префрли во зградата на Универзитетскиот ректорат, како што објавија српските медиуми.
„Полицијата не го напушти студентскиот кампус, туку отишла во канцеларијата на ректоратот, која ја „окупирала“ по големиот студентски протест во саботата навечер, а на покана на ректорот“, објави порталот 021.рс.
Полицијата била на универзитетот 13 дена затоа што деканот повикал на интервенција, по што се заклучил во зградата и ги избркал студентите, според регионалниот медиум Н1, додавајќи дека по тоа започнале студентски и граѓански протести, за кои полицијата остро интервенирала за да ги смири.
Ispred Poliklinike KCV. pic.twitter.com/eiGj6RtZWE
— Miodrag Bebić (@miodrag_bebic) September 8, 2025
Студентите веќе немаат пристап ниту до канцеларијата на ректоратот, во која влегла интервентната полиција на покана на деканот Дејан Мадиќ, па се заедно со некои незадоволни професори пред администрацијата на Универзитетот. Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека состојбата на Филозофскиот факултет во Нови Сад се „нормализира“ и додаде дека тоа е очигледно и од фактот дека 1.300 студенти се пријавиле за полагање на испитот и дека во зградата повеќе нема студенти во блокада, кои ги нарече блокатори.
„Никој не ме информираше за тоа, но фактот дека 1.300 студенти сакаат да влезат и дека повеќе нема блокади во самата зграда е доволен показател дека работите се нормализираат“, рече Станковиќ на телевизијата К1. Во Нови Сад, медицинските работници и студентите на Медицинскиот факултет денес протестираа пред Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ).
Протестот „Ние преврзуваме, вие претепувате“ беше организиран поради полициската бруталност што кулминираше пред три дена, за време на големиот митинг во Нови Сад, каде што полицајците не ги поштедија ниту медицинските лица кои им пружаа помош на повредените граѓани, па дури и приведоа лекар додека им пружаше помош, објави Н1.
фото: принтскрин