Свет
Стотици Авганистанци во еден авион, исплашеното население бара начин да ја напушти земјата

Илјадници Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата од неделата вечерта, а како најбезбедна зона или т.н. билет за излез од земјата се покажа аеродромот во Кабул, каде што вчера настана хаос, пренесуваат агенциите.
Тие објавуваат фотографии на кои се гледа како 640 Авганистанци се втурнати во авион Ц-17, кој вообичаено превезува до 150 патници.
Според извештаите, сите бегаат од талибанскиот режим и се качија на транспортниот авион на американските воздухопловни сили за лет кон Катар.
Станува збор за американскиот воен авион на Американското воено воздухопловство Ц-17, кој, како што пишуваат светските медиуми, полетал од Кабул.
Фотографијата што се појави на социјалните мрежи во кој е прикажан авион Ц-17 што полетува од Кабул е со вкупно 640 патници. Немаше багаж или седишта, со цел да им се даде можност на што повеќе луѓе да избегаат, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.