Свет
Стотици затвореници избегаа од затвор во Индонезија

Најмалку 258 затвореници избегаа од затворот во провинцијата Западна Папуа во Индонезија за време на протест против третманот на папуанските студенти на главниот остров Јава, соопшти управникот на установата, Абе Кусуманто.
Демонстрантите запалија неколку владини згради како одговор на нападот врз папуанските студенти на источна Јава, кои во петокот протестираа за самоопределување за својата татковина.
Затворениците во државниот затвор во градот Соронг, во кој се наоѓале 547 затвореници, почнаа немири и запалија делови од зградата кога биле провоцирани од демонстрантите, изјави Кусуманто. Тој појасни дека тие го урнале ѕидот и побегнале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Искусен сурфер убиен од ајкула пред очите на пријателите

57-годишен искусен сурфер натрагично загина во напад од ајкула на Лонг Риф, северните плажи во Сиднеј, околу 10 часот наутро во саботата.
Според полицискиот инспектор на Нов Јужен Велс, Стјуарт Томсон, сурферот бил во вода само половина час и на околу 100 метри од брегот кога ајкулата го нападнала.
„Претрпе катастрофални повреди, вклучително и губење на неколку екстремитети“, изјави Томсон.
Пријателите на жртвата успеале да се вратат на брегот, а телото на сурферот било пронајдено кратко време подоцна како плови во брановите. Обидите да му се спаси животот биле неуспешни.
„Утре е Денот на татковците, што ја прави оваа трагедија уште поболна. Нашите мисли се со неговото семејство“, додаде Томсон, посочувајќи дека починатиот оставил сопруга и мала ќерка.
@sydneymorningherald NSW Police said the man was bitten by “what is believed to have been a large shark” at Long Reef Beach. #nswpolice #deewhy #sharkattack #sydneynews #northernbeaches ♬ News, news, seriousness, tension(1077866) – Lyrebirds music
Истрага и потрага по ајкули
Даската за сурфање на жртвата беше пресечена на половина, а парчињата ќе бидат анализирани за да се утврди видот на ајкулата. Голем број сведоци, вклучувајќи ги пријателите на жртвата, потврдиле дека нападот го извршила ајкула.
„Тоа е ужасна работа и еден од оние ретки, несреќни инциденти“, изјави Томсон.
Полициски чамци, џет-скии и хеликоптерот за спасување „Вестпак Лајфсавер“ се вклучени во потрагата по ајкулата. Сите плажи од Менли до Нарабин се затворени до понатамошно известување. Според службата за спасување, плажата Ди Вај ќе остане затворена веројатно три дена, а другите плажи најмалку 24 часа.
A man has died after being attacked by a large shark at Dee Why on Sydney’s northern beaches.
Beaches from Manly to Narrabeen have been closed until further notice. pic.twitter.com/c22lnFQuN9
— Clown Down Under 🤡 (@clowndownunder) September 6, 2025
Свет
Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел да се заштитат додека израелските сили ги засилуваат своите напади за освојување на преостанатите упоришта на милитантната група Хамас.
„Ги повикуваме цивилите да ги напуштат зоните на конфликт и да се движат кон безбедните региони на југ. Ова е неопходно за нивната заштита“, се наведува во соопштението на израелската армија.
Покрај тоа, армијата објави воспоставување на нови хуманитарни зони во Кан Јунис, кои ќе вклучуваат теренски болници, водна инфраструктура, шатори, храна, лекови и медицинска опрема. Овие зони ќе се координираат преку „COGAT“ со Обединетите нации и други меѓународни организации, со цел да се минимизираат последиците врз цивилното население.
„Нашата цел е да се обезбеди минимален човечки ризик за цивилите додека ги продолжуваме воените операции против Хамас“, изјавија од израелската армија.
Според извештаите, ситуацијата во Газа останува напната, со значителни опасности за цивилите, додека офанзивата се интензивира и се очекува да продолжи во наредните денови.
Свет
Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, синоќа изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ во случај на напад од страна на САД, во услови на ескалација на тензиите меѓу двете земји, јави ДПА.
„Моментално сме во политичка фаза. Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, рече Мадуро во коментарите емитувани на венецуелската државна телевизија.