Свет
Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите
Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја обработуваат земјата на која сега има дрвја, тврдат организации за животна средина и истражувачи.
Директорот на програмата „Амазон воч“, Кристијан Пуире, верува дека најголем дел од пожарите кои беснеат во амазонската прашума и се видливи од вселената биле предизвикани од човечки фактор, истакнувајќи дека дури и за време на сушните периоди во Амазонија, каде има голема влажност, пожарите не се случуваат така лесно.
Тој додава дека земјоделците и сточарите одамна користат пожари како начин за расчистување на теренот.
Пуире истакна дека во однос на претходните години, нивото на уништување годинава е навистина високо.
„Амазон е неверојатно важен за нашата иднина, за нашата способност да ги запреме најлошите последици од климатските промени. Ова не е претерување. Ние одиме кон неописливо уништување, не само на Амазонија, туку и на целата наша планета“, предупредува тој.
Дождовната шума во Амазонија произведува околу 20 проценти од светскиот кислород, па затоа често ја нарекуваат и „белите дробови на планетата“.
Бразилската вселенска агенција соопшти дека бројот на пожари во Амазонија е зголемен 83 проценти во однос на минатата година како резултат на сечењето и палењето на шумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Рано е да се очекуваат големи резултати од преговорите за Украина
Кремљ соопшти дека разговорите меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната сè уште се во рана фаза и дека не треба да се очекуваат опипливи резултати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека би било погрешно да се очекуваат „големи резултати“ од трилатералните разговори што се одржаа минатиот викенд во Обединетите Арапски Емирати. Според него, темите биле тешки, но самиот факт што контактите започнале конструктивно треба да се смета за позитивен.
Според агенцијата ДПА, на првите директни разговори меѓу завојуваните страни по неколку месеци е договорено само продолжување на разговорите по една недела, без утврден датум. АФП, повикувајќи се на неименуван американски функционер, објави дека нова средба се очекува на 1 февруари.
Песков ги негираше тврдењата на американски претставници дека меѓу руската и украинската делегација владеела речиси пријателска атмосфера, оценувајќи дека тоа во оваа фаза е тешко можно.
Тој се осврна и на таканаречената „формула од Анкориџ“, поврзана со самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска во август 2025 година, од кој не беше објавен никаков договор.
Русија бара повлекување на украинските сили од делови на источниот регион Донбас кои сè уште се под контрола на Киев, на што украинската влада се спротивставува. Германскиот безбедносен експерт Нико Ланге оцени дека изгледа оти Трамп дал ветувања кои сега не може да ги исполни, поради што САД вршат притисок врз Украина да прифати отстапки.
Свет
Германскиот министер Вадефул: Русија ќе остане закана и по евентуален мир во Украина
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул предупреди дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и доколку тековните преговори резултираат со мировен договор меѓу Киев и Москва.
„Владимир Путин го направи судирот со Западот водечки принцип на руската надворешна политика и создава можност за иден војен конфликт против НАТО“, изјави Вадефул за време на посетата на Летонија.
„За жал, ниту еден мировен договор со Украина нема да го промени тоа. Затоа мораме да инвестираме во зајакнување на отпорноста и безбедноста на источниот крил на НАТО“, рече тој, повикувајќи ги европските сојузници да ги зголемат одбранбените трошоци и инвестиции.
Шефот на германската дипломатија ја обвини Москва дека води „хибридна војна“ против Европа, наведувајќи оштетувања на подморски телекомуникациски и енергетски кабли во Балтичко Море, упади на дронови во европскиот воздушен простор и кампањи на дезинформации насочени кон демократските избори.
Тој ја потврди посветеноста на Германија кон безбедноста на своите сојузници во регионот и нагласи дека Берлин е подготвен да преземе посилна улога во европската безбедност и одбрана.
„Вие подобро од кој било знаете што значи да се биде под туѓа власт. Знаете што значи да се борите за слобода“, рече Вадефул.
„Веќе долго време ни укажувате дека треба да се чуваме од рускиот империјализам и неговата агресија, дека мораме да се подготвиме. Дозволете ми да ве уверам дека ве слушнавме и ве разбравме.“
Свет
Иран и Турција најавуваат преговори за заедничка слободна економска зона
Иран планира да почне преговори со Турција за воспоставување заедничка слободна економска зона, соопшти Врховниот совет за зони на слободна трговија, индустрија и посебни економски зони.
„На состанокот одржан на 14 јануари, Владата му даде овластување на Врховниот совет за слободна трговија, индустриски и посебни економски зони да започне преговори за договор за воспоставување слободна економска врска меѓу Иран и Турција“, се наведува во соопштението кое го пренесе агенцијата Мехр.
Мерката има за цел да ја поттикне економската соработка меѓу двете земји, да ја зајакне трговијата, да ги поедностави транзитните процеси, да отвори нови работни места и да придонесе за развој на пограничните региони, пренесува руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извештајот на Мехр.
Иран веќе има воспоставено слободни економски зони во Киш, Кешм, Чабахар, Арас, Анзали, Арванд, Маку и на аеродромот Имам Хомеини, а уште седум се во фаза на изградба.
Покрај осумте слободни економски зони, Иран располага и со 34 посебни економски зони, наведува ТАСС.

