Свет
Судири во главниот град на Боливија, САД ја признаа Анес за привремена претседателка
Во главниот град на Боливија, Сукре, избија судири кога опозициската лидерка во Сенатот, Жанин Анес, се прогласи за привремена претседателка на земјата по оставката на Ево Моралес.
Анес се прогласи за привремена претседателка на Боливија и покрај недостигот на кворум за време на гласањето бидејќи членовите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Таа ја презеде привремената контрола врз Сенатот доцна во текот на денот, а претставниците на партијата на Моралес, Движење за социјализам, не беа присутни кога Анес го објави преземањето.
Гневните поддржувачи на Моралес се обидоа да стигнат до зградата на Конгресот извикувајќи дека таа мора да поднесе оставка, пренесува АП.
Моралес, кој сакаше да ја трансформира Боливија како прв домроден претседател, вчера одлета во Мексико, каде што му беше одобрен азил, а илјадници приврзаници бараа негово враќање на улиците на главниот град на Боливија.
Toj пред два дена поднесе оставка од функцијата претседател соочувајќи се со притисоци и протести поради обвинувања за измама на изборите на 20 октомври, на кои извојува убедлива победа.
Во меѓувреме, САД ја признаа боливиската сенаторка Жанин Анес за привремен претседател, а ваквата одлука претходно ја прифатија и Уставниот суд на Боливија, како и вооружените сили на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

