Свет
Судот во Австралија поништи пресуда на свештеник што прикривал сексуална злоупотреба
Австралискиот суд во четвртокот ја поништи пресудата за поранешниот бискуп, кој беше најстариот католички свештеник во светот обвинет за прикривање сексуална злоупотреба на деца.
Судијата Рој Елис пресудил во корист на поранешниот бискуп Филип Вилсон, кој поднел жалба против пресудата донесена против него во мај. Вилсон е и поранешен претседател на највисокото тело на австралиската католичка црква.
„Жалбата е прифатена. Пресудата и наредбите на локалниот суд се поништени“, се вели во одлуката на судот.
Вилсон беше обвинет за прикривање сексуална злоупотреба од страна на отецот Џејмс Флечер откако две жртви му кажале за неа во 1976 година. Адвокатите на Вилсон тврдеа дека тој не знале дека Флечер злоупотребил момче. Флечер беше обвинет во 2004 година по девет обвиненија за сексуална злоупотреба на деца, а две години подцна почина во затворот од срцев удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Камион удри во возила, па падна од надвозник, има загинати: страшна несреќа во Турција
Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога камион удри во три возила, а потоа падна од надвозник во градот Шанлиурфа.
Şanlıurfa'da, freni boşalan kamyonun önüne kattığı araçlarla köprüden uçmasıyla meydana gelen kazada 3 kişinin hayatını kaybettiği, 26 kişinin ise yaralandığı öğrenildi. https://t.co/vv5FX6xFdA
— Haber (@Haber) February 3, 2025
При падот, камионот повлекол и автомобил, во кој претходно удрил, јави ТРТ.
Во областа се испратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи.
Şanlıurfa'da üç araca çarpan kamyon, sürüklediği otomobille üst geçitten düştü.
3 kişi hayatını kaybetti, 26 kişi yaralandı. pic.twitter.com/KilqjZyd2U
— Sabah (@sabah) February 3, 2025
На социјалните мрежи се појавија ужасни снимки на кои се гледа како возилата паѓаат од надвозникот.
Свет
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашот
Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашот, изјави рускиот претседател Владимир Путин за телевизијата „Русија 24“.
„Сега има некаков метеж меѓу европските политички елити и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Дали нешто се промени од времето на Бајден? Ништо не се промени. Тие беа среќни што ги извршуваа сите наредби на Вашингтон под Бајден“, рече Путин.
Како што истакна, на европските елити повеќе им се допаѓа Џозеф Бајден, додека Доналд Трамп има различни идеи за тоа што е добро, а што лошо, вклучително и за родовото прашање.
„Ве уверувам: Трамп, со својот карактер и со својата упорност, ќе го врати редот таму доста брзо. И сите, ќе видите – ќе се случи брзо, наскоро – сите ќе застанат пред нозете на господарот и полека ќе мавтаат со опашот. Се ќе си дојде на свое место, сигурен е Путин.
Тој додаде дека меѓу европските политичари нема рамен со Жак Ширак и Герхард Шредер, каде луѓето без образование прават нешто што не е нивна работа.
„Политичките џуџиња“ во Европа се обидуваат да ги забранат партиите кои не се присутни во мејнстримот, наместо да понудат атрактивна програма, рече Путин.
„Како да не знаат, ако денеска ги забранат, утре ќе се појави друга „алтернатива“, со друго име“, додаде рускиот лидер.
Свет
Британскиот премиер ја отфрли можноста за враќање во ЕУ
Британскиот премиер Кеир Стармер синоќа беше домаќин на германскиот канцелар Олаф Шолц за да разговараат за трговијата меѓу Обединетото Кралство и Европската унија и трансатлантските односи по најавата на САД дека ќе воведат високи царини за увоз на странска стока.
Стармер ја отфрли можноста повторно да се приклучи на европскиот блок, но рече дека сака да воспостави поблиски, подобри односи со ЕУ во областа на одбраната, енергијата и трговијата.
Коментирајќи ја одлуката на САД за воведување царини, германскиот канцелар Шолц рече дека светот не треба да се дели со нови трговски бариери бидејќи сите имаат корист од глобализацијата. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави воведување царина од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада и 10 отсто за увоз од Кина.
„Глобализацијата, светската размена на стоки, се покажа како одлична, успешна приказна која донесе просперитет за сите нас – Обединетото Кралство и Германија, САД, но и на многу други делови од светот, затоа е важно сега да не го делиме светот со разни царински бариери”, туку да ја овозможиме оваа размена на стоки и услуги во иднина”, рече Шолц.