Свет
Судот во Пенсилванија одлучи во корист на Трамп

Апелацискиот суд во Пенсилванија го прифати барањето на кампањата на Доналд Трамп и наложи дел од гласачките ливчиња добиени по пошта да биде иззмен од пребројувањето, но таа одлука нема да влијае на резултатот од изборите во таа американска држава.
Демократскиот кандидат Џо Бајден до четвртокот вечерта имаше предност од 53.580 гласа во однос на Доналд Трамп и досега не се знае точно на колку гласачки ливчиња ќе се однесува одлуката на судијката Мери Хана Луит.
Најверојатно, станува збор за приближно 2.000 гласачки ливчиња, тврди весник во Филаделфија.
Штабот на Трамп ова го нарече победа. „Асошиетед прес“ во саботата го прогласи Бајден за победник кога беше заклучено дека и преостанатите неизброени гласови во Пенсилванија нема да направат разлика во водството на Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека има „позитивен напредок“ во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и идна средба меѓу двете страни.
Зеленски вчера призна дека жали за расправијата со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс во Овалната соба и нагласи дека сака да продолжи со поддршката на САД кон мирен крај на конфликтот.
Свет
Украина: Договоривме средба со Американците во блиска иднина

Договорена е нова средба помеѓу САД и Украина.
„Американско-украинската средба ќе се одржи во блиска иднина“, потврди главниот помошник на Володимир Зеленски.
Андриј Јермак, кој ја предводи канцеларијата на претседателот, рече дека штотуку разговарал со американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
„Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир“, се вели во изјавата на Јермак.
„Разменивме мислења и за безбедносни прашања и усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД. Закажавме средба на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“, додаде тој.
Свет
Американски функционер: Авион со помош полета за Украина, а потоа стигна наредбата на Трамп

Соединетите Држави ја прекинаа воената помош за Украина само неколку дена откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.
Наредбата за прекин на воената помош беше издадена во понеделникот вечерта, по американско време. Претставник на американската одбрана за „Ен-би-си њуз“ изјави дека во моментот кога била издадена наредбата, Американците префрлале опрема во регионот.
Тој објасни дека авионите на пат кон Украина морале да се свртат по пристигнувањето на наредбата.
Белата куќа објави дека воената помош се прекинува бидејќи Соединетите Држави сакаат да бидат сигурни дека оваа помош придонесува за решавање на конфликтот.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Ни треба нашите партнери да бидат посветени и на таа цел. Ја паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се осигураме дека таа придонесува за решение“, беше објавено тогаш.
„Блумберг“ објави дека е прекината испораката на целата американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит со авиони и бродови или чекање во транзитните зони во Полска.