Свет
Султанот од Брунеи ја одложи смртната казна за хомосексуалците
Султанот од Брунеи, Хасанал Болкија, го продолжи мораториумот за смртна казна за хомосексуалците и за оние што ќе извршат прељуба во обид ги ублажи негативните реакции што се појавија во јавноста, а кои ги предводат познати личности, како Џорџ Клуни и Елтон Џон.
Оваа мала држава во Југоисточна Азија предизвика глобална осуда кога на 3 април објави свое толкување на шеријатските закони, според кое, содомија, прељуба и силување, ќе се казнуваат со смртна казна со каменување, а ќе се отсекуваат рацете за кражба.
Во Брунеи за некои кривични дела веќе е воведена смртна казна. Се работи за убиство со умисла и за шверцување наркотици, но од 1990 година немало егзекуции.
Министерството за надворешни работи на Брунеи претходно тврдеше дека воведувањето на шеријатските закони има цел да превенира, а не да казнува, по острите критики од светот поради воведувањето на строгите исламски закони.
Според новите закони, прељубата и сексот помеѓу двајца мажи се казнува со каменување до смрт. Брунеи соопшти дека во рамките на законот ќе има висок праг за докази, што укажува дека казната ќе биде ретка.
На 3 април на Брунеи стапи во сила закон според кој лицата фатени во хомосексуална врска или прељуба ќе бидат каменувани до смрт. Брунеи веќе 52 години е управуван од султанот Хасанал Болкија, кој е еден од најбогатите луѓе во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

