Свет
Супер-тајфунот Ман-ји стаса на Филипините, повеќе од 650.000 луѓе се евакуирани
Супер-тајфунот Ман-ји, кој зајакнува и може да има „потенцијално катастрофално“ влијание врз Филипините, денеска стигна до брегот на архипелагот и предизвика бранови високи до 14 метри, според податоци од метеоролошката служба.
Повеќе од 650.000 луѓе беа евакуирани. Во општина Катандуанес, во областа Бикол, ветровите достигнаа брзина од 195 км/ч, објави националната метеоролошка агенција.
Милиони луѓе се загрозени од супер-тајфунот, кој е шеста голема бура што ги погоди Филипините за еден месец.
Во претходните бури загинаа најмалку 163 луѓе, илјадници останаа без покрив над главата, а беа уништени посевите и добитокот.
Властите го повикаа населението да ги послуша предупредувањата и да побара засолниште од невремето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масовно убиство во Кина, студент со нож усмрти осум лица
Најмалку осум лица загинаа, а 17 се ранети вчера кога дваесет и едногодишен студент изврши напад во источниот кинески град Вукси, соопшти локалната полиција. Нападот бил извршен со нож.
Засега нема повеќе детали за масовното убиство.
Регион
Во Нови Сад пронајдено тело на обезглавена жена, уапсен e синот
Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, пренесува Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.
По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.
На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.
Свет
На Филипини се евакуираат десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфунот Ман-ји
Властите на Филипини наредија евакуација на десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфунот Ман-ји до брегот на островската држава, пренесува Бета.
Откажани се десетици летови, а властите во североисточниот регион Бикол каде што се евакуирани околу 180.00 илјади луѓе, предупредија на „потенцијално катастрофална ситуација опасна по живот“.
Метеоролошката служба соопшти дека супер-тајфунот Ман-ји, локално познат на Филипините како Пепито, добива на сила, со удари на ветер од 215 километри на час и огромни плимни бранови високи и до три метри.
Ман-ји ќе биде шестата голема бура што ќе ги погоди Филипини во поседните 30 дена. Минатиот месец во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Трами и тајфунот Кун Реј загинаа 162 лица, а 22 се водат како исчезнати