Свет
Сè поголем хаос на аеродромот во Кабул, застрелан Германец
Германски цивил бил застрелан од огнено оружје додека се обидувал да стигне до аеродромот во Кабул. Според портпаролката на германската влада, Улрике Демер, погодениот цивил наскоро треба да го напушти Кабул со авион.
„Му била укажана медицинска нега, неговиот живот не е загрозен“, додаде таа.
Пукањето, во кое бил погоден германскиот цивил, е дополнителен доказ дека владее хаос околу аеродромот во Кабул, наведува Би-би-си, додавајќи дека има извештаи за стотици луѓе во близина на влезот на аеродромот кои се обидуваат да избегаат од Авганистан.
Во прилог на тоа дека во Авганистан владее хаос оди и тврдењето на американската новинарка Саша Ингбер, која на „Твитер“ објави дека од извор добила информација оти „ситуацијата во земјата се влошува… и Американци биле претепани синоќа“.
„Една од нив, Американка, била претепана двапати иако имала американски пасош“, напиша Ингбер, повикувајќи се на својот извор.
A source tells me, “Situation [in Afghanistan] is rapidly deteriorating… We’ve had Americans get beaten throughout the night.” One of them, an American woman, was beaten “twice” even though she was carrying a U.S. passport.
— Sasha Ingber (@SashaIngber) August 20, 2021
„Вчера портпаролот на Пентагон рече дека Американците се пуштаат на аеродромот во Кабул и дека нема Американци повредени. Она што го слушам сугерира нешто друго. Американци се повредени и спречени да се качат на авионите“.
Во исто време, талибанците спроведуваат организиран лов на луѓе од нивната листа на цели и тие се добро организирани, изјави за Би-би-си Кристијан Нелеман, шеф на норвешкиот Центар за глобални анализи. Тој Центар доставува разузнавачки информации за Обединетите нации.
Европа се плаши од нов бран мигранти, а значајна порака испрати и турскиот претседател Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.