Свет
Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа други земји, трагаат по подморница што исчезна пред два дена.
Во подморницата има 53 членови на екипажот кои под претпоставка дека сè уште се живи, имаат кислород за помалку од 24 часа, пренесува „Асошиејтед прес“.
Подморницата од типот „КРИ Нангала 402“ исчезна откако за време на воена вежба побарала дозвола да се нурне во подлабоки води. Спасувачките екипи стравуваат дека подморницата нурнала премногу длабоко за да може да ја достигнат, односно спасат.
Од индонезиската морнарица соопштија дека очекуваат кислород во исчезната подморница да снема околу 3 часот наутро во сабота, по локално време.
„Од денеска до утре во 3 часот по полноќ ќе ги максимизираме нашите напори“, изјави портпаролот на индонезиската армија, генерал-мајор Ахмад Ријад.
Подморницата ја бараат 24 бродови на индонезиската морнарица и патролен авион, фокусирајќи се на подрачјето каде што е пронајдена нафтена дамка на површината, непосредно по исчезнувањето на пловилото.
Од морнарицата објавија дека веруваат оти подморницата потонала до длабочина од 600-700 метри, што е значително подлабоко од нивото на кое нејзиниот труп може да го издржи притисокот на водата (околу 200 метри). Тоа практично значи дека притисокот при таа длабочина едноставно го згмечил и скршил трупот на подморницата.
Причината за инцидентот сè уште не е позната. Морнарицата објави дека веројатно дефект предизвикал подморницата да не може да исплови на површината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот федерален суд нареди администрацијата на Трамп да им исплати помош на странските корисници

Федерален судија во Вашингтон денеска и нареди на администрацијата на Трамп да ги исплати средствата за помош на странските корисници според претходните договори и примателите на грантови до среда во 23:59 часот по локално време, истакнувајќи дека нема знаци дека владата презела какви било чекори за да се усогласи со претходната наредба за одмрзнување на средствата.
Одлуката на американскиот окружен судија Амир Али уследи по тужбата поднесена од организации кои склучиле договори за помош со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, објави Ројтерс.
Оваа одлука се однесува на работи извршени пред 13 февруари.
Свет
Прекин на струја зафати големи делови од Чиле

Големи делови од Чиле денеска беа без струја, од северот на земјата, каде што се наоѓаат рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголем дел од населението, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби моќта, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Од рудникот Антофагаста соопштија дека тој работи со помош на резервен генератор на струја.
Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.