Свет
Такси влета меѓу луѓе во центарот на Москва, повредени 8 лица

Такси возило влета помеѓу луѓе на улица во центарот на Москва, пришто беа повредени осум лица, јавува руската новинска агенција „ТАСС“.
„Спутник“ пренесе дека помеѓу повредените е и еден државјанин на Мексико.
Според зборовите на соговорниците на руската агенција, таксито удрило во сообраќаен знак, а потоа и во групата луѓе кои стоеле на тротоарот.
Како што пренесуваат некои руски медиуми, возачот е приведен. Засега не се познати околностите кои довеле до инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ се огласи од Москва по проблемите со летот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва, каде на аеродромот Внуково го пречека заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.
Доаѓањето на Вучиќ во живо го пренесуваше најгледаната руска телевизија „Русија 24“. На Вучиќ му беше договорен свечен пречек.
„После многу години, повторно во Москва. Горд на антифашистичката борба на мојот српски народ и благодарен за огромната помош што ја имавме од Црвената армија за време на ослободувањето на Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ околу 11 часот полета од Белград за Москва, каде што треба да присуствува на прославата на Денот на победата на Црвениот плоштад. Авионот привремено слетал во Баку бидејќи немал дозвола за летање поради борбени операции. Откако доби зелено светло, летот продолжи.
Авионот на Владата на Србија во кој се наоѓаше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, полета од Баку за Москва околу 14:10 часот по српско време.
Во изминатите неколку дена аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади на украински беспилотни летала.
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 мај ќе има билатерални разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ.
На 9 мај во Москва со Парадата на победата ќе се одбележи 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, а претседателот Вучиќ претходно најави дека и покрај сите притисоци ќе оди во Москва да го прослави Денот на победата и дека гордо ќе ја претставува Србија на 80-годишнината од победата над фашизмот.
Регион
Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој беше во посета на земјата.
Тој рече дека има премногу насоки од соседите и меѓународните актери за тоа како Македонија да се движи на европскиот пат, но најголемиот дел треба да се земаат со резерва.
„Правилата се јасни. Треба консензус, односно треба едногласност. Како и да свртите ќе дојде на исто. Се додека е некој против, Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено прашање е дали е тоа навистина за вас, односно за вашите граѓани најважната работа на овој свет и единствено вредно за живот и напор или постојат други работи за државата кои ја дефинираат како успешна и реализирана заедница“, изјави Милановиќ.
Хрвaтскиот претседател рече и дека Македонија не треба да се третира како земја со посебни потреби, туку како земја која има проблем.
На заедничката -прес-конференција со претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова беше потенцирано дека Хрватска е искрен македонски пријател и поддржувач на патот кон ЕУ, близок партнер во НАТО и долгогодишен сојузник.
Свет
(Видео) Драма на небото над Москва: аеродромите затворени, светските лидери не може да слетаат, Украина изврши напад

Украинската армија ја нападна Москва со беспилотни летала и поради ова, повеќето аеродроми во главниот град на Русија беа затворени непосредно пред доаѓањето на Шји Џјинпинг и други светски лидери за да го прослават Денот на победата над нацизмот, пишува „Ројтерс“.
Huge queue of planes at St. Petersburg’s Pulkovo Airport after dozens of flights were rerouted from Moscow following drone attacks. With no ground equipment to handle the surge, aircraft are stuck waiting for hours—turning the runways into a traffic jam. pic.twitter.com/SH2feDreJJ
— Brian McDonald (@27khv) May 7, 2025
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле најмалку 14 украински дрона помеѓу вторникот и средата наутро.
UAV drones launched by Ukraine against the Muscovites has paralyzed russian airports in the bordering regions. Over 200 flights cancelled. Moscow airport is closed. St Petersburg’s Pulkovo airport is packed with aircraft that can’t take off. Enjoy the sirens orcs! pic.twitter.com/rY32qTvhou
— 🇺🇸 Angel Martinez 🇵🇷 (@AngelMartmma24) May 7, 2025
Клучните московски аеродроми останаа без работа во поголемиот дел од ноќта, а рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ соопшти дека го менува распоредот на летови за да се справи со прекините, пренесува медиумот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, исто така замина во најавена посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствата на борбените средства во воздушниот простор.