Свет
Талибанците ја бранат одлуката: Предмети што се изучуваат на универзитетите ги кршат принципите на исламот
Талибанските власти во Авганистан се огласија по забраната за девојките да одат на универзитет.
Додека талибанците се соочија со широки критики за забраната на жените да посетуваат универзитети во Авганистан, тие ја бранат својата одлука, велејќи дека студентките не ги следеле упатствата, вклучително и правилниот кодекс на облекување.
Министерот за високо образование на Талибанците, Нида Мохамад Надим, рече дека забраната е неопходна за да се спречи мешањето на половите на универзитетите и затоа што верува дека некои предмети што се изучуваат на универзитетите ги прекршуваат принципите на исламот.
„За жал, по 14 месеци, инструкциите на Министерството за високо образование на Исламскиот емират во врска со образованието на жените не се спроведени“, рече Надим во интервју за државната телевизија.
Друга причина што ја наведе за забраната на универзитетот е непочитување на кодексот за облекување.
„Им кажавме на девојките да носат соодветен хиџаб, но тие не го почитуваа правилото и носеа фустани како да одат на свадбена церемонија. Девојките студираа земјоделство и инженерство, но тоа не одговараше на авганистанската култура. Девојките треба да учат, но не на области кои се против исламот и авганистанската чест“ додаде министерот.
Тој тврди дека талибанците работат на решавање на овие проблеми и дека универзитетите повторно ќе се отворат за жените откако ќе се решат проблемите.
Но истото го кажаа и за пристапот до средното училиште за девојки, велејќи дека наставата за нив ќе продолжи откако ќе се решат „техничките проблеми“ околу униформите и транспортот, но тоа до денес не се реши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

