Регион
Тачи: Не постои компромис за прашањето за независноста на Косово
Гледам светло на крајот на тунелот. За жал, Србија продолжува да живее во минатото. Вучиќ и Србија треба да сфатат дека Косово веќе 10 години е независна и суверена држава и дека не постојат компромиси по тоа прашање, изјави косовскиот претседател, Хашим Тачи, по состанокот со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што се одржа денеска во Брисел.
На состанокот бил разгледан напредокот во разговорите за правнообврзувачкиот договор за нормализирање на односите меѓу двете земји. Како што соопшти Европската комисија по состанокот, договорено е новата рунда политички дијагол да се одржи за неколку недели.
Тачи оцени дека денешниот состанок со Вучиќ бил најтежок во последните шест години колку што се води дијалогот Косово-Србија.
„Косово е е цврсто определено да се забрза последната фаза од дијалогот за нормализација на односите меѓу двете земји која треба да заврши со зачленувањето на Косово во сите меѓународни институции“, рече Тачи.
Според него, денеска на состанокот станало збор за европската иднина на Косово и за конкретните чекори кои треба да ги преземе во однос на ЕУ. „Заклучивме и потврдивме дека Косово е спремно и определено за дијалог, мир на Балканот и зачленување во ЕУ и НАТО“, рече Тачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

