Регион
Тачи: Со апсењето на турските државјани се погазени демократските стандарди

Со апсењето на турските државјани поради сомнение дека се „ѓуленисти“ се погазени демократските стандарди на Косово, изјавил косовскиот претседател, Хашим Тачи.
„Косово е демократска држава која е изградена во согласност со највисоките демократски стандарди, кои над сè ги почитуваат индивидуалните права на секој човек, независно од етничките, верските, полтичките и идеолошките убедувања“, навел Тачи по апсењето и депортацијата на шестмина турски државјани вработени во колеџот „Мехмет Акиф“ на Косово.
Тој рекол дека е разочаран затоа што релевантните институции не успеале да ги заштитат овие принципи.
„Надлежните органи ме известија по настаните, дека шест државјани денеска се депортирани во Турција со образложение дека немале дозвола за престој на Косово. Сега треба да ги разјасниме причините кои довеле до депортација на овие турски државјани“, рекол Тачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.