Свет
Тајван симулира одбивање кинески напад врз воздухопловна база

Војската на Тајван спроведе воени вежби што го симулираат одбивањето на кинескиот напад во услови на зголемени тензии во тајванската теснина.
Вежбата што беше спроведена во четвртокот врз базата на воздухопловните сили Чинг Чуан Канг во близина на централниот град Таичунг е дел од традиционалната петдневна вежба.
Воените игри се наменети за прикажување на подготвеноста и способноста на војската да се борат против инвазијата од Кина, која тврди дека островот како нејзина територија треба да биде и под нејзина контрола, дури и со употреба на сила доколку тоа е потребно.
Пекинг ги засили своите дипломатски, економски и воени притисоци врз тајванскиот претседател Цаи Ин-вен испраќајќи воени авиони за да го обиколуваат островот и носач на авиони низ тајванската теснина.
Непосредно пред почетокот на вежбите на Хан Куанг, „Ф-16“ се урна во планините во северен Тајван, при што загина пилотот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Супертајфун се движи кон Филипините, илјадници евакуирани

Филипините денеска ја прекинаа работата и наставата низ областа Манила и поголемиот дел од земјата, бидејќи супертајфунот „Рагаса“ се приближува кон северен Лузон, најголемиот остров во земјата. Се очекува „Рагаса“ да донесе силни ветрови и обилни дождови.
Националните метеоролошки служби го кренаа степенот на тревога на оддалечените острови Бабујан на највисоко ниво и ги повикаа жителите на ниските и крајбрежните области да се евакуираат поради можноста од бури и поплави.
„Рагаса“ носи максимални ветрови од 205 километри на час и налети до 250 километри на час. Се предвидува дека тајфунот ќе стигне до копно или ќе помине покрај островите Бабујан околу пладне пред да го премине теснецот Лузон.
Тајванските власти издадоа копнени и морски предупредувања и ги откажаа летовите до источните градови, вклучувајќи ги Тајтунг и Хуалиен.
Закана и за Хонг Конг
Според прогнозите, бурата потоа ќе го погоди Хонг Конг додека се движи кон јужниот брег на Кина. „Блумберг њуз“ објави дека властите во финансискиот центар ги предупредиле жителите да се подготват за еден од најсилните тајфуни во последните години и размислуваат да го затворат аеродромот 36 часа.
Филипинските метеоролози предупредија на можни масовни прекини на електричната енергија, лизгање на земјиштето и опасни услови на морето, бидејќи надворешните појаси на бурата веќе го погодуваат северниот дел на Лузон. Авиокомпаниите откажаа повеќе од десетина домашни летови, главно на линиите до Лузон, додека пристаништата ги прекинаа услугите со фериботи.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Се надевам дека ќе се постигне дипломатско решение за Газа, таму владее хаос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се надева дека ќе постигне дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во таа енклава владее хаос.
„Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Постои вистински хаос“, рече Трамп, како што објави денес „Тајмс оф Израел“.
Во исто време, Соединетите Американски Држави сметаат дека признавањето на Палестина од страна на неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.
„Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедноста на Израел и мирот и просперитетот за целиот регион, што е можно само без Хамас“, изјави еден од портпаролите на американскиот Стејт департмент под услов на анонимност, објави „Тајмс оф Израел“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Мислам дека го пронајдовме одговорот за аутизмот

Американскиот претседател Доналд Трамп најави за време на говорот на комеморацијата за Чарли Кирк дека денес ќе даде важна објава за аутизмот од Овалната соба.
„Ќе имаме едно од најголемите медицински соопштенија во историјата на нашата земја. Мислам дека ќе помислите дека е неверојатно. Мислам дека го пронајдовме одговорот за аутизмот“, рече Трамп. Иако не прецизираше што планира да каже за аутизмот, Трамп нагласи дека неговата администрација „нема да дозволи тоа да се случи повторно“.
„Мислам дека тоа ќе биде една од најважните прес-конференции што некогаш сум ги имал и навистина се радувам на тоа“, рече тој, додавајќи дека верува оти и Кирк со нетрпение ќе го очекува настанот.
Се очекува Трамп да каже дека развојот на аутизам кај децата е поврзан со употребата на лекот против болки Тиленол за време на бременоста, заедно со ниските нивоа на фолна киселина, која е важна за правилен развој на мозокот и ‘рбетот на бебето.
Тој, исто така, ќе ја именува фолната киселина, форма на фолат позната и како леуковорин, како начин за намалување на симптомите на аутизам.
Тиленол, што е трговско име за генеричкиот лек против болки ацетаминофен, е широко користен во Соединетите Држави, вклучително и за време на бременоста. Здравствените службеници планираат да ги предупредат жените да не го користат лекот во раната бременост освен ако немаат треска, објави Вашингтон пост.
фото: принтскрин