Свет
(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес
Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.
45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот, кој при голема брзина излетал од регионален пат. По стравотната несреќа, пожарникарите го ваделе од автомобилот, па веднаш е префрлен во клинички центар, каде што во моментот докторите се борат за неговиот живот.
A look at the car Tiger Woods was in. https://t.co/biSQfMW0sK pic.twitter.com/WubFojEGfi
— Cody Chaffins (@Cody_Fox5) February 23, 2021
Како што се знае досега, тој има скршеници на нозете. Тој е опериран, но засега не се знае неговата состојба.
Во тек е истрага за причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

