Свет
Тајландските болници преполни, пациентите ги лечат на паркинзи
Болниците во Тајланд се под притисок поради големиот број луѓе кои страдаат од коронавирус, а поради недостигот на кревети лекарите се принудени да лекуваат пациенти на паркинзите пред болниците.
Поради влошувањето на епидемијата, лекарите мора да враќаат сериозно болни случаи на инфекција со Ковид-19, пишува „Гардијан“.
Тајланд доби пофалби за успешната реакција на епидемијата минатата година, кога одржуваше најмал број на случаи во светот, но гневот кај јавноста расте поради бавната кампања за вакцинација.
За околу четири месеци од почетокот на новиот бран на Ковид-19, смртните случаи во земјата се зголемија од 100 на 4.146.
Само денеска пријавени се 14.150 нови инфекции и 118 смртни случаи од Ковид-19.
Владата е критикувана што не воведе полициски час пред неколку месеци кога бројот на случаи беше помал. На 12 јули беа воведени разни ограничувања во областите со висок ризик, како што е главниот град Бангкок.
Во понеделникот стотици академици и медиумски работници издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат на поголема транспарентност во врска со договорите за вакцини, вклучувајќи детали за тоа кој и кога примил вакцина.
Изјавата дојде откако во јавноста протече писмо од „Астразенека“, во кое се вели дека ќе се доставуваат 6 милиони дози вакцини на Тајланд, што не е во согласност со изјавата на владата дека треба да добие 10 милиони дози.
Околу 5 проценти од тајландското население е целосно вакцинирано, додека 17 проценти примиле една доза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.