Свет
Тајланд би можел да стане нов Елдорадо за медицинска марихуана

Тајланд има намера да го легализира одгледувањето коноп за медицински цели и со тоа ќе стане првата азиска земја што ќе влезе на пазарот на кој досега доминираа Канада, Австралија и Израел.
Пазарот за легално одгледан коноп што се развива во повеќе од половина од американските држави би можел да вреди повеќе од 50 милијарди евра до 2025 година, според истражувањето на американската организација „Гранд вју рисрч“.
Предлог-законот со кој се дозволува неговото одгледување во Тајланд беше доставен до „парламентот” формиран од страна на хунтата, која е на власт од државниот удар во 2014 година.
Одгледувањето канабис, ако биде дозволено од страна на собранието назначено од војската на власт, „ќе биде исклучиво за медицински цели, а не рекреативно”, изјави Џет Сиратранон, претседател на Комисијата за јавно здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Планирале државен удар во Германија: под истрага неколку лица

Сојузниот јавен обвинител во Германија започна истрага против неколку лица под сомнение дека се членови на терористичка организација и дека подготвувале сериозно кривично дело насочено против уставниот поредок, соопшти денес Сојузното обвинителство.
Како што е наведено, осомничените планирале насилно соборување на германската држава и воспоставување сопствен државен систем.
Групата е поврзана со таканаречените „Рајхсбургери“ околу принцот Хајнрих XIII, чии водечки членови беа уапсени во декември 2022 година.
Како дел од истрагата, идентификувани се нови осомничени кои наводно ја поддржувале групата или учествувале во подготвителни активности, соопшти баварската полиција.
Поради ова, баварската криминалистичка полиција, под надзор на Обвинителството во Минхен, започна истрага против шест лица.
Денес, во раните утрински часови, беа извршени претреси на осум локации, четири во Баварија, три во Саксонија и една во Тирингија.
Осомничените се пет мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 61 година, прецизираше полицијата.
Обвинителството соопшти дека, поради тековната истрага, во моментов не може да даде дополнителни информации и нагласи дека осомничените се сметаат за невини.
Свет
Кремљ: Договорено место за средба меѓу Трамп и Путин

Местото на средбата меѓу Путин и Трамп е договорено и ќе биде објавено малку подоцна, изјави Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
„На предлог на американската страна, во принцип беше договорено во наредните денови да се одржи билатерална средба на највисоко ниво, односно средба меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Путин“, рече дипломатот.
„Сега, заедно со нашите американски колеги, почнуваме да работиме на конкретни прашања“, додаде Ушаков.
Свет
„Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци

Електронскиот систем за поднесување судски предмети на федералното судство на САД беше цел на голем кибер напад, за кој се сомнева дека довел до компромитирање на доверливи податоци во неколку федерални држави, пренесува „Политико од извори запознаени со инцидентот.
Нападот, кој досега не беше објавен, би можел да го загрози идентитетот на доверливи сведоци и соработници во кривични постапки пред неколку федерални судови, според истите извори, кои зборуваа под услов на анонимност, пишува медиумот.
Според нив, Канцеларијата за управување со судовите на САД (AOUSC) прво го утврди обемот на безбедносниот инцидент на почетокот на јули, но сè уште се обидува да го утврди целосниот обем на штетата во соработка со Министерството за правда и локалните судови.
Фото: принтскрин