Свет
„Твитер“ блокирал шпански политичар кој тврдел дека мажите не може да забременат
„Твитер“ привремено го суспендирал профилот на Франциско Хозе Контрерас, член на шпанската десничарска партија Вокс откога напишал дека „маж не може да забремени“, што платформата го смета за кршење на нејзината политика за говор на омраза, пренесува „Спутник“.
Контрерас споделил статија за трансродов маж, кој родил девојче, пишувајќи дека мажите немаат „матка или јајце-клетки“ и затоа не може да раѓаат деца.

Контрерас бил суспендиран на „Твитер“ 12 часа. По добивањето известување од платформата, политичарот излезе на „Фејсбук“ за да ги сподели своите размислувања за одлуката на „Твитер“.
„Ме блокираат од мојот профил на ‘Твитер’ веќе 12 часа поради говор на омраза. Твитот во кој ‘поттикнав омраза’ (што ме принудија да го тргнам) гласеше: ‘маж не може да забремени. Мажот нема матка или јајце-клетки’. Ова е веќе фашистичка биологија. Следниот пат ќе пробам 2 +2 = 4“, напиша тој.
Според „Твитер“, коментарот на Контрерас ја прекршил политиката против објавување материјал што изразува закана или промовира насилство врз другите врз основа на нивната раса, етничка припадност, сексуална ориентација или пол. Политичарот одговори со споделување на хаштагот #AManCannotBePregnant.
#unhombreNOpuedequedarembarazado #unhombreNOpuedequedarembarazado #unhombreNOpuedequedarembarazado #unhombreNOpuedequedarembarazado #unhombreNOpuedequedarembarazado #unhombreNOpuedequedarembarazado #unhombreNOpuedequedarembarazado
Así o más claro!!!!!!!— José Fotine ن ?? (@JoseFotine) May 11, 2021
Контрерас доби голема поддршка од јавноста на „Фејсбук“, a луѓетo ја критикуваат цензурата на „Твитер“ и сугерираат дека вистината навредува и дека колку и да сака некој да ја смени биологијата, нема да успеат.
Orwell fue un profeta del mundo contemporáneo, cierto; pero era quizás un optimista que se quedó demasiado corto. Twitter censura a un diputado de Vox por decir «un hombre no puede quedar embarazado» https://t.co/jn4bbQpKb1
— Erik Del Bufalo (@ekbufalo) May 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

