Свет
„Твитер“ ја блокира корисничката сметка на потпретседателката на Венецуела одговорна за борбата против Ковид-19

„Твитер“ ги блокира корисничките сметки на потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, која ја предводи претседателската Комисија за борба против ширењето на Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаца, пренесува „Спутник“.
„Потпретседателката Делси Родригез ја предводи претседателската комисија против Ковид-19. Нехуманиот и невнимателен гест на ‘Твитер’ ги ограничува корисничките сметки @DrodriguezVen и @ViceVenezuela, кои се извор на информации неопходни за луѓето од Венецуела во овие непредвидливи околности“, напиша Ареаца на „Твитер“.
Во моментот кога се обидувате да се префрлите на горенаведените кориснички сметки на „Твитер“, се дава известување дека се привремено ограничени. Сепак, сметката на Родригез на англиски јазик е сè уште е достапна за корисниците.
Венецуела досега има регистрирано 42 случаја на коронавирус, при што се потврдени шест нови во текот на изминатите 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.